fbpx

Чавков во Словенија на министерски состанок за мигрантската криза

-

Денеска, во Брдо кај Крањ, во Република Словенија, се одржа неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија и на Словенија, посветен на актуелната мигрантска криза, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како шеф на делегацијата на македонското МВР, на неформалната средба учествувал заменик-министерот Митко Чавков, кој бил придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска, и помошник-директорот на одделот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски.

„На состанокот на кој свое излагање имаше и заменик-министерот Чавков, покрај презентирањето на актуелните состојби со мигрантите во секоја од земјите пооделно, фoкусот беше ставен на понатамошното продлабочување на оперативната соработка меѓу земјите на трасата на миграцискиот бран, како и околу активностите што треба да се преземат на тој план“, стои во соопштението на МВР за средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...