Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага што треба да ги утврди причините за пожарот.