fbpx
Таг: министри за внатрешни работи

таг: министри за внатрешни работи

Спасовски и Радев разговарале за отворање на граничниот премин Клепало – Сандански

Соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија е одлична, нагласиле министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Валентин Радев, на работната средба пред почетокот на заедничката седница на двете влади во Струмица. Спасовски и Радев, како што соопшти МВР, ја нагласиле важноста од отворањето на планираните нови гранични премини, особено на граничниот премин Клепало...

Италија бара од европските партнери да ги отворат своите пристаништа за мигрантите

Италијанското министерство за внатрешни работи денеска побара од европските земји да ги отворат своите пристаништа за прием на бродови со мигранти, со што би се ублажил притисокот што го трпи Италија. Денеска во Париз се состанаа министрите за внатрешни работи на Италија, Франција и на Германија, Марко Минити, Жерар Коломб и Томас де Мезијер, кои ќе разговараат за приливот на...

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал. Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија...

Спасовски и Стефановиќ во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска заедно со неговиот колега од Србија, Небојша Стефновиќ, беше во посета во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија. Посетата беше за да видат како се одвиваат работите во прифатниот центар, каде полицајци од Србија ѝ помагаат на нашата полиција. Министерот Спасовски му се заблагодари на српскиот министер за помошта и за соработката. „Оваа бегалска криза што...

Спасовски – Остојиќ: Потребeн е заеднички систем за регистрација на бегалците

Мигрантската криза и справувањето со новонастанатата ситуација била главна тема на разговор на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со неговиот колега, министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остојиќ, кој е во посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Хрватскиот министер, покрај за новонастанатата ситуација со селекцијата и со пропуштањето само на мигранти што потекнуваат...

Министерски состанок на ЕУ за построги контроли на надворешните граници

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на состанокот, закажан за утре, треба да ги договорат мерките за построга контрола на надворешните граници од Шенген-зоната по терористичките напади што се случија на 13 ноември во Париз, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Според документот кој ќе биде на маса, министрите се очекува да се договорат за „итно спроведување на...

Чавков во Словенија на министерски состанок за мигрантската криза

Денеска, во Брдо кај Крањ, во Република Словенија, се одржа неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија и на Словенија, посветен на актуелната мигрантска криза, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како шеф на делегацијата на македонското МВР, на неформалната средба учествувал заменик-министерот Митко Чавков, кој бил придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска, и помошник-директорот...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...