Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

-

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков.

Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.

Утре напладне во земјава доаѓаат и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. По тој повод, членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија масовен протест.

– Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови во согласност со тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства – изјавил Чавков.

На прашањето дали полицијата гарантира дека пратениците нема да бидат оневозможени да влезат или да излезат од Собранието, со оглед на разни најави дека учесници во протестот ќе ги блокираат приодите во законодавниот дом, Чавков бил дециден: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот!“

Според „Дојче веле“, средбите на еврокомесарот со лидерите на партиите ќе почнат во 12.40 часот.

Првата средба ќе биде со лидерот на ДПА, потоа со Беса во 13 часот и со Алијанса за Албанците од 13.50 часот. Средбата на Хан со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е планирана за 14.55, со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во 16.10 часот, а со претседателот, Ѓорге Иванов, во 17.45 часот. Потоа е предвидена средба на Хан со претседателот на Собранието, доколку биде избран дотогаш. Последната средба во 20.15 часот ќе биде со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што во 21.45 часот еврокомесарот ќе даде изјава за медиумите.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...