Вистиномер: Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

-

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека за време на протестите „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во објава на Фејсбук се тврди дека Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност изјавил дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци во скопската чаршија“. Објавата се однесува на инцидентите кои се случија на 6 април за време на протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, кога на плоштадот Скендербег лицето Е.Ј. (40) извади пиштол и испука неколку куршуми, а дојде и до поголем судир меѓу групата лица и демонстрантите.

Во постот на Фејсбук, кој е придружен со медиумски запис од веб-порталот Скопје 1, каде е споделено и видео, пишува:

Ако молчиме како до сега, вака си ПОИГРУВААТ со нас! Сашо Тасевски, директор на Биро за Јавна Безбедност, човекот кој извади самиот пиштол во собрание против својот народ, за време на 27ми Април, изјавува сега дека Македонците ги нападнале мирољубивите албанци во чаршија.
КОЈ ГИ РАЃА ВАКВИ???

Станува збор за невистинa, односно за манипулирана, изменета содржина, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Видеото што се споделува е монтирано (altered content) и тоа може да се препознае и по гестикулациите на Тасевски, односно лесно може да се согледа дека тој не ја отвора устата во согласност со она што лицата кои го монтирале видеото сакале да го прикажат.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата Македонски национален фронт со наслов „Директорот на БЈБ: Масата народ сакаше да ги нападне Албанците“ и истото има над 29 илјади прегледи, повеќе од 100 коментари и околу 180 допаѓања.

Во монтираното видео, кое се однесува на тоа дали полицијата навремено и професионално одговорила за да ги спречи инцидентите, директорот на БЈБ наводно изјавува:

Тоа е од одреден ваш агол, кај што не ги гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци. Има и од крим полиција. Гледате колку е масата насилна и колкава бројка сака да ги нападне Албанците што си стојат мирно граѓаните. 

Од логото на видеото може да се види дека истото е преземено од телевизија „Алфа“. Но, ако се отвори оригиналното видео од телевизискиот прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“.

Во 1.44 минута од прилогот се емитува оригиналната изјава на Тасевски кој вели:

Тоа видео е од одреден ваш агол, каде што не се гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци, има и од крим полиција. 

На прашањето на новинарот „како реагираат полицајците на инцидентот“, Тасевски одговара, „па еве гледате“, на што новинарот вели „не гледаме“, а Тасевски одговара, „па за тоа зборувам“. И тоа е целата изјава што може да се чуе од директорот на БЈБ во однос на инцидентот и начинот на кој реагирала полицијата.

Оттаму, поради горенаведените факти, може да се заклучи дека објавата што се шири на социјалните мрежи, а ја презеле и некои медиуми е со невистинита содржина, а видеото е монтирано, со цел граѓаните да бидат доведени во заблуда и изманипулирани дека наводно директорот на БЈБ зазема страна во однос на инцидентите кои се случија на 6 јули на плоштадот „Скендербег“.

Инаку, вооруженото лице кое испука неколку куршуми за време на инцидентите беше приведено, а Основниот крививен суд му одреди осумдневен притвор.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...