fbpx

Одобрени 100 милиони евра за Северна Македонија од Европската Унија за реформи и развој

Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши

-

Членовите на Комитетот за меѓународна трговија денеска го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши, соопшти Владата.

Макрофинансиската помош е условена, како што е наведено во соопштението, со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со спроведувањето политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, јавно-приватни партнерства, подобрување на деловната околина, фискалната транспарентност, транспарентноста во доделување на државна помош, енергетска ефикасност, реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата. Предвид се зема и Инструментот за претпазливост и ликвидност кој Министерството за финансии минатата година го обезбеди преку ММФ, а кој Фондот го има само со земји со здрави економски фундаменти.

Владата го поздравува одобрувањето на Макрофинансиската помош за нашата земја, која е уште еден од многуте примери за партнерството кое го имаме со ЕУ и нивната континуирана поддршка кон нас. Заложбата на нашата Влада за спроведување на реформите и покрај повеќе напоредни глобални економски кризи изминатите години, се најдобар доказ за посветеноста кон европскиот пат и желбата нашата иднина да биде во рамки на големото европско семејство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...