петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Европарламентарци | 12 резултати

Пропаднаа преговорите меѓу власта и опозицијата во Албанија, посредувани од ЕП

април 26, 2017

Преговорите меѓу власта и опозацијата во Албанија, посредувани од европарламентарците Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер, не успеаја да донесат никакви резултати, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Опозицијата, предводена од Љуљзим Баша, смета дека критериумите за техничка влада не треба да бидат предмет на преговори. Разговорите на двајцата европратеници со претставниците на власта и на […]

Груевски три часа му објаснувал на Хан дека ова било „политичко силување“

март 22, 2017

Средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханеси Хан, траела три часа и на неа, како што соопштуваат од партијата, Груевски и неговите соработници „многу директно, јасно и прецизно“ ги претставиле своите позиции за моменталната политичка состојба, но и за „сите причинители, поттикнувачи и извори на неколкугодишната […]

Груевски дојде на разговори со Хан, но не сакаше да се слика ниту за твит

март 21, 2017

Во тек е средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. „Јоханес Хан и европратениците на разговори со Никола Груевски. Итно е потребна нова влада. Види го парламентарното мнозинство. Уставот мора да биде почитуван“, напиша на „Твитер“ […]

Ахмети: Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот

март 21, 2017

Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во Собранието. – Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинствo и не планираме да […]

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

март 20, 2017

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор […]

Кукан, Флекенштајн и Вајгл ќе препорачаат ЕП да го одложи донесувањето на извештајот

март 2, 2017

Ги повикуваме претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните на земјата и без понатамошно одложување да го прифатат секое договорено парламентарно мнозинство, се вели во заедничката изјава на тројцата европарламентарци Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл во врска со актуелните политички случувања во Македонија. – Како што неколкупати кажавме […]

Изборите и човековите права, теми на разговор помеѓу европарламентарците и ЛДП

ноември 25, 2016

Делегација на Либерално-демократската партија во состав Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, денеска оствари средба со европратениците Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнале на неколку теми, меѓу кои и Договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември. На европратениците им биле презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и […]

Ричард Ховит утре доаѓа во Скопје

ноември 3, 2015

Група еврпарламентарци, предводени од Ричард Ховит, утре ќе дојдат во посета на Македонија. Предвидено е Ховит во рамките на посетата да се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. По средбата, Ховит ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата. Засега не се откриваат детали ниту, пак, за што конкретно ќе разговаараат и ќе соопштат на […]

Страна 1 од 1