fbpx

Проверка на факти

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува...

ХЕРА не е членка, ниту партнер на Планирано родителство

Не е вистина дека Планирано родителство е главен партнер на ХЕРА. Од ХЕРА за Вистиномер велат дека тие не се членка, ниту партнер на Планирано родителство. Исто така, во постот надвор од контекст и сосема неосновано се доведуваат во корелација абортусите во САД со...

На експлицитната фотографија не е германската министерка Бербок

Во постот неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. На експлицитната фотографија е прикажна друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години, кога таа беше кандидат на Зелената...

Ставен е во функција системот за водоснабдување во Кучково

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски: Ветување: Решавање на проблемот со водоснабдување во с. Кучково   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за локалните избори (октомври 2021г.), на кои како кандидат на...

(Не)видливата „руска рака“ во последниот круг заострување меѓу Софија и Скопје

Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање...

Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кому му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна „Програма за модерно Скопје“ пред одржувањето на локалните избори во 2021 година како едно од клучните ветувања што ги даде пред граѓаните беше чистењето на сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиното доаѓање на власт....

Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:   На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев  на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата...

Не е точно дека имало план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе

Според проекциите на Обединетите нации популацијата во светот ќе расте, при што до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е...

Невистинито се прикажува дека вакцинираните во Германија развиваат СИДА

Вистиномер го пронајде оригиналниот напис кој се споделува во постот што го рецензираме и во него нема никакви докази дека германската влада признала оти алармантен број на вакцинирани развиваат СИДА. Но, дури и кога ковид вакцините, хипотетички гледано би станале минус 100 проценти ефективни...

Брендови на македонски и странски маркети злоупотребени во лажни наградни игри

На две посебни страници на Фејсбук, креирани се две лажни наградни игри, едната со злоупотреба на Биг Маркет, а другата со злоупотреба на брендот на КАМ маркет. Целта на нивното креирање е да се собираат на личните податоци од страна на корисниците на Фејсбук...

Змијата во логото на СЗО нема поврзаност со христијанството

На оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст, па како таква врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат погрешен заклучок. Змијата, иако во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква...

Објава на Фејсбук ја прикажува смртта на актерот Душко Костовски како нова вест

Очигледно е дека целта на постот била да се привлечат што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за...

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за...

Видео од претседателот Џо Бајден и неговата внука Натали, извадено од контекст

Во постот што го рецензираме презентирано е видео од агол од којшто се добива впечаток како претседателот Бајден да се однесува непристојно. Дека презентираното во клипот од постот не соодветствува на реалната ситуација покажува видеоматеријал од над 10 минути, во кој комплетно е презентирано...

Регистар на руски шпиони идентификува 42 лица уапсени додека делувале во Европа

Регистар на руски шпиони во Европа објавен на Твитер, идентификува 42 лица, кои делувале во своите земји, за што добивале пари од Руската Федерација. Овој регистер е оформен врз основа на отворените податоци и информации за апсења или судења на овие идентификувани руски шпиони...

Измислена вест за уапсена бугарска пејачка во Македонија се споделува како да е вистинита

Станува збор за измислен настан, но никаде, ниту во споделената вест на Фејсбук, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда. Во објавениот текст, авторот, повикувајќи се на високи извори на МВР,...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со...

Не е точно дека западните медиуми повикуваат на геноцид на сите Руси

Овој пост е со пропуштен контекст. Точно е дека Меланија Подолијак го напишала твитот, но подоцна тој е отстранет поради злоупотреба на правилата на Твитер. Наспроти изнесеното во постот, нејзините ставови на Твитер не се поврзани со нејзините гостувања во западните медиуми. Прво, тие...

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека...

Не е вистина дека пред еден месец Македонец бил убиен во Бугарија

Медиумската објава што се споделува е стара еден месец, кога повеќе портали објавија непотврдена информација дека македонски спортист бил убиен во Бугарија. Но, оттогаш помина еден месец, а за тоа време се дозна и вистинската причина за смртта на момчето. Неговото семејство потврди дека...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...