fbpx

Ставен е во функција системот за водоснабдување во Кучково

-

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски:

Ветување: Решавање на проблемот со водоснабдување во с. Кучково

[Извор: Изборна програма на Александар Стојкоски (стр.9);  Датум: октомври 2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за локалните избори (октомври 2021г.), на кои како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во оваа општина, вети решавање на проблемот со водоснабдување во Кучково. Ова ветување на Стојкоски, наведено меѓу приоритетните проекти во неговата изборната програма: „За Ѓорче Петров гарантираме – Создади нова иднина!“ (стр.9), е исполнето.

Приоритетно решавање на проблемот со вода во ова скопско село, Стојкоски ветуваше и во настапите за време на кампњата за локалните:

Мора да напоменам дека и жителите на Кучково кои се неколку месеци без вода ќе бидат приоритет во мојата програма. Иако постојано се апелираше до локалната власт, особено во летните месеци кога проблемот беше најакутен, истата немаше слух за ова прашање. Затоа јас лично се обврзувам дека ги слушнав моите сограѓани и проблемот со вода во Кучково оди во минатото онаму каде и што припаѓа…

На почетокот на минатата година (2022) од Општина Ѓорче Петров информираа дека за надминување на проблемот со водата во селото Кучково изготвен е проект за нова бушотина близу манастирот „Свети Ѓорѓија“. Летото беше спроведена тендерска постапка за избор на фирма – изведувач на работите на терен. Во октомври лакалната власт соопшти дека од новиот бунар  е обезбедена издашност од 4.8 литри вода во секунда. Со оглед на тоа дека проектираните потреби за селото се минимум издашност од 2,7 литри во секунда, со новиот бубар се добива речиси двојно повеќе вода.

Пред крајот на минатата година системот за водоснабдување во Кучково беше ставен во функција. На 9 декември градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави:

Селото Кучково конечно добива водоснабдување согласно потребите на жителите. Ставен е во функција системот за водоснабдување. На денот кога го славиме Свети Георгиј Победоносец, заштитник на манастирот во селото, селото добива вода. За многу години! Кучково конечно добива услови според стандарди. Годинава завршени се големи инфраструктурни чекори во ова населено место, напиша на Фејсбук, Стојкоски.

Со ова се затвора голем проблем кој со години ги мачеше жителите на Кучково, луѓето повеќепати бараа локалните власти да најдат решение, имаше и протести, а во август 2021 година го блокираа патот кој води до селото.

 

ИЗВОРИ:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...