fbpx

Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

-

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:

 

На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев  на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба на спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“:

Спортската сала е отпочната, ќе ја завршиме на почетокот на мандатот, во наредните три месеци. Очекуваме во месец јануари да биде пуштена во функција. Ќе добиеме спортска сала во којашто ќе ги има сите спортски реквизити за нашите дечиња да имаат солидно спортско образование…

[Извор:Фејсбук профил на градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев (од 27,50 до 28,30 минута од видеото);  Датум: 28.09.2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа е изградена и пуштена во употреба во јули минатата година (2022). Ова изборно ветување на градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено неколку месеци подоцна од изборно проектираниот рок за завршување на салата – јануари 2022 година.


Спортската салата почна да се гради летото  пред локалните избори, на 31 август 2021 година,  а беше целисно  изградена  и официјално предадена  во употреба на 28 јули 2022 година. Салата е со површина од 400 квадратни метри и е опремена со современи спортски реквизити.

Информации и фотографии за ова се објавени во дел од медиумите и на веб-страницата на Општина Кавадарци.

Фото: kavadarci.gov.mk

Спортската сала  се споменува и меѓу реализираните проекти во Отчетот (стр.3) на градоначалникот Јанчев за  првата година од неговиот втор мандат. За реконструкцијата на овој спортски објект е наведено:

Изградба на Спортска сала во О.О.У „Димката Ангелов Габерот с.Ваташа, Кавадарци. После многу години, село Ваташа доби современа спортска сала.

 

ИЗВОРИ:

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...