Свет Страница 802

Свет

Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција. Засега нема информации за настрадани и за причинета материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет...

Уапсен Драгослав Космајац

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац во неговиот стан во Белград, а заедно со него, приведени се уште седум лица. Како што објави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на вонредна прес-конференција утрово, полициската акција била резултат на четиримесечна истрага. Сите уапсени се државјани...

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“. Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот...

ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина

Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со...

„Патот на свилата“, нов проект на Кина

Кина ќе издвои 40 милијарди долари за основање инфраструктурен фонд „Патот на свилата“, соопшти кинескиот претседател Си Џипинг. Целта на фондот, како што истакнува Џипинг, е да се засили поврзаноста во Азија. Фондот „Патот на свилата“ ќе биде отворен и ги повикува инвеститорите од Азија...

Новиот комесар на ЕУ ќе ја заобиколи Македонија во првата посета

Јоханес Хан, новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседска политика и за преговори за проширување, веќе го насочи вниманието кон земјите од Западен Балкан, по само една недела на должност. Во првата посета на регионов, Хан ќе ги посети Србија и Црна Гора, но...

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој...

Могерини: Палестинска држава е неопходна

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, при првата посета на појасот Газа се заложи за независна палестинска држава. - Палестинска држава е неопходно да има, таква е целта. Таа позиција ја делат сите во Европска Унија -  изјави Могерини...

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор...

Вагони од товарен воз излетале од шини

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот...

Нови ограничувања за автомобилите во Њујорк

Властите во Њујорк ги зголемија ограничувањата на брзината на движење на автомобилите во градот за да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Возачите ќе може да се движат со автомобилите со брзина од 25 милји на час (околу 40 км/час). Само во некои поголеми улици возачите...

Камшик за тие што ќе чуваат мајмун или куче во Иран

Сите што ќе чуваат куче или мајмун во Иран ќе бидат казнети парично и со удари со камшик, објави италијанскиот весник „Стампа“. Триесетина пратеници конзервативци поднеле во парламентот нацрт-закон со кој ќе се казнуваат луѓето кои купуваат кучиња или мајмуни или кои ги „шетаат“ тие животни...

Берлин слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Германија ја почна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Речиси 7.000 бели балони кои се протегаат од земјата кон 15 километрскиот ѕид беа осветлени во приквечерината на 7 ноември. Советскиот лидер Михаил Горбачов, чија „перестројка“ и реформи помогнаа да се отвори...

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, рече американскиот државен секретар Џон Кери. Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во Источна Украина, кои се во судир...

Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањата од новинарите зошто паѓа цената на овој енергент. - И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на...

Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

Тројца припадници на наркобанда, уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо. Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе, и тоа додека некои од нив...

СЗО: Од ебола починале 4.960 лица

Во Западна Африка бројот на заразени лица од ебола се зголеми на 13.268, што е за приближно 200 лица повеќе од бројот евидентиран во извештајот пред два дена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, од ебола починале 4.960 лица, но не се сомневаат дека бројката е...

Педесет држави со резолуција ги осудија нападите врз новинари

Заеднички подготвена резолуција во Обединетите нации, во која се осудуваат нападите врз новинари, како и неуспехот да се казнат одговорните за убиства, тортура, киднапирање и за произволно апсење на медиумски работници, поднесоа речиси 50 држави. Во нацрт-резулуцијата се повикуваат сите 193 држави-членки да направат сè...

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. - САД вршат силен притисок врз Унгарија - изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. - Ние...

Обама ќе испрати уште 1.500 војници во Ирак

Aмериканскиот претседател Барак Обама одобри испраќање уште 1.500 војници за мисија против припадниците на Исламската држава во Ирак. Обама, исто така, побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламската држава. Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...