„Мета“ воведува забрана за руските државни медиуми поради „странско мешање“

„Раша Тудеј“ им исплатила речиси 10 милиони долари на конзервативни американски инфлуенсери преку локална компанија за да продуцираат видеа што треба да влијаат на исходот од претседателските избори во САД во ноември

-

Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички тактики за да вршат операции на влијание, пренесе „Гардијан“.

Спроведувањето на забраната ќе се случи во текот на следниве денови. Освен на Фејсбук, медиумите ќе бидат забранети и на Инстаграм, Вотсап и Тредс.

„По внимателно разгледување, ја проширивме нашата тековна акција против руските државни медиуми. Росија Сегодња, РТ и други поврзани субјекти сега се забранети од нашите апликации на глобално ниво поради активности на странско мешање“, се вели во писмената изјава на компанијата „Мета“.

Забраната претставува остра ескалација на чекорите на најголемата компанија за социјални мрежи во светот против руските државни медиуми, откако со години преземаше поограничени чекори како што се забрана за објавување реклами и намалување на досегот на нивните објави.

Најновата забрана доаѓа откако САД претходно месецов поднесоа обвиненија за перење пари против двајца вработени во „Раша Тудеј“ поради подготовка на шема за ангажирање на американска компанија за производство на онлајн содржини со цел да се влијае на претседателските избори годинава.

„РТ“ им исплатила речиси 10 милиони долари на конзервативни американски инфлуенсери преку локална компанија за да продуцираат видеа што треба да влијаат на исходот од претседателските избори во САД во ноември.

Во петокот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави нови санкции против руската државна медиумска компанија „Раша Тудеј“ откако новите информации добиени од вработените покажале дека медиумот функционира како „де факто рака на рускиот разузнавачки апарат“.

„Денес откриваме како Русија применува слични тактики низ светот. Руското користење на дезинформациите како оружје за поткопување и поларизирање на слободните и отворени општества се протега на секој дел од светот“, рече Блинкен.

Тој тврди дека руската влада минатата година формирала нова единица во „Раша Тудеј“ со „сајбер-оперативни способности и врски со руското разузнавање“ со цел ширење на руското влијание во земјите ширум светот преку информативни операции, тајно влијание и воени набавки.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...