fbpx
Македонија Страница 2020

Македонија

Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот. - Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците...

Јакимовски: Лицето кое ни се претстави како новинар е член на СДСМ

Лицето што вчера предизвика инцидент на седницата на Советот на Општина Карпош, кое лажно се претстави како Ивица Ивановски, новинар на „Вечер“, е лице со име Никола Савовски. Тој е член на Социјалдемократскиот сојуз и бил на советничката листа на СДСМ со реден број...

СДСМ: Има ли и други „Субрата“ во Македонија?

Ставрески се срами да каже колкави се платите на вработените во слободните економски зони, трговскиот дефицит во првите девет месеци на годинава е поголем од лани бидејќи договорите и субвенциите што ги добиваат странските компании се врвна владина тајна, останува еден ден да стане...

Каревска, Грчева и Буралиева се сретнаа со Ауер

Пратениците Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева денеска одржаа средба со Едуард Ауер, новоименуван шеф на Одделот за Западен Балкан, надлежен за Република Македонија, неговиот соработник од истиот оддел, Јоханес Виереук, како и со Камила Дуда Кањецка од Делегацијата на Европска Унија во...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески си поиграа со 20 вработени во градинка во Охрид

Со судбината на околу 20 вработени во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид си поиграа ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески. Иако во буџетот беа предвидени 6,56 милиони денари за да бидат исплатени како привремено вработени, сега луѓето се оставени во неизвесност да работат како волонтери,...

В недела, шести Марш на толеранцијата во Скопје

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и „Цивил“ – Центар за слобода се организатори на шестиот Марш на толеранцијата, кој ќе се одржи в недела, со почеток во 5 минути до 12 часот, пред Музеј на град Скопје. - Апелираме до надлежните државни...

Кривични пријави за двајца полициски инспектори поради пиштолот на осомничениот за трикратното убиство

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, по извршени проверки, утврдила низа пропусти кај двајца инспектори од кавадаречката полиција, кои постапувале по пријавите за семејно насилство од жртвите на тројното убиство што се случи во неделата. Како што информираат оттаму, полициските инспектори Д.Т....

Град Скопје со 30 возила ќе го чисти снегот

Градот Скопје е подготвен за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови, информираат оттаму. За чистење на снежните наноси од коловозите, Градот Скопје оваа сезона располага со 30 возила и со доволно количество сол. Градоначалникот на Скопје, Коце...

Утре почнува обврската за носење зимска опрема во возилата кога се движат надвор од населено место

Од утре, сопстевниците на возила имаат обврска задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата кога се движат по пат надвор од населено место. Обврската, која е пропишана со Законот за безбедност во сообраќајот, ќе биде на сила од утре, 15 ноември, до 15 март идната година,...

Нема веднаш да се наплаќа за одзатнување канализација

ЈП „Водовод и канализација“ нема да наплаќа за услугата одзатнување на канализациската мрежа во станбени згради и во куќи. Како што информираат од претпријатието, на граѓаните услугата ќе им биде фактурирана на наредната сметка. Оттаму информираат дека, според нивните анализи, не секогаш граѓаните имале пари...

Скратени часови за учениците во Струга и во Кичево

Струшките основни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ и нивните подрачни центри во селата Лабуништа, Ливадишта и Радолишта сè уште се без струја поради неисплатени долгови. Поради тоа часовите за учениците од овие училишта се скратени по 15 минути. Повеќе, пак,  од 1.200 ученици од Кичево веќе...

За викендот привремен режим на сообраќај на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во текот на викендот, 15 и 16 ноември 2014 година, поради изведување градежни активности, во период од 7 до 19 часот, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведениот режим. Привремен сообраќаен режим ќе...

Повеќе од 70 компании се претставија на Саемот за вработување во Охрид

Денеска, во градот Охрид, беше одржан четвртиот Саем за вработување, дел од караванот саемски претставувања наменети за граѓаните кои активно бараат работно место. Вториот по големина саем, по оној оддржан во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, беше домаќин на повеќе од 70 компании од...

Се продава државно градежно земјиште во Кривогаштани

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Кривогаштани. Земјиштето што ќе се продава по пат на електронско наддавање, е наменето за изградба на стопански објекти. Огласот се однесува за осум локации, а градежните парцели се со површина од...

Објавен оглас за продажба на градежно државно земјиште во Пехчево

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште наменето за изградба на откупен пункт за земјоделски производи во местото Подуево, во општина Пехчево. На продажба се ставени пет градежни парцели со површина од 891 до 5.973 квадратни метри, а почетната цена...

Општина Кисела Вода легализираше 50 дивоградби

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска додели нови 50 решенија за легализирани објекти во општината. Истакнувајќи ја важноста на процесот на легализација, Беличанец-Алексиќ ја истакна бројката од досега 3.204 завршени предмети и упати апел до сите лица што имаат нелагално изграден објект, да достават...

Што ќе се гради на местото на злосторството кај Смиљковско Езеро?

По долгото одложување на пресудата за случајот „Монструм“, судот сега го одолжува и преводот на текстот на пресудата, постапка која доцни, а со тоа се запира и процедурата на одбраната за обжалување на првостепената пресуда до Апелацискиот суд, изјавил за „Порталб“ адвокатот Насер Рауфи. Според него,...

Доделени наградите „13 Ноември“

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2014 година, им ги врачи наградите. Годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година се: од областа на науката и здравствената...

Камион се запали на патот кон граничниот премин Ќафасан

Камион кој превезувал отпадно железо, утринава се запали на патот кој води кон граничниот премин Ќафасан. Како што соопшти командирот на Територијалната протипожарна единица во Струга, Минир Мамуди, пожарот предизвикал материјална штета, но нема човечки жртви. Засега не се знаат причините за опожарувањето на камионот со...

Триесет компании ќе нудат вработување на Кариерен eкспо 2014

Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија, денеска, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје, организира „Кариерен eкспо 2014“, на кој 30 македонски компании ќе понудат работни места за младите невработени лица. Како што соопштија организаторите, во рамки на настанот ќе се одржат...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...