fbpx

Јакимовски: Лицето кое ни се претстави како новинар е член на СДСМ

-

Лицето што вчера предизвика инцидент на седницата на Советот на Општина Карпош, кое лажно се претстави како Ивица Ивановски, новинар на „Вечер“, е лице со име Никола Савовски. Тој е член на Социјалдемократскиот сојуз и бил на советничката листа на СДСМ со реден број 23 за време на локалните избори во 2013 година, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, по инцидентот што се случи на последната седница на Советот.

– На неговиот профил на „Фејсбук“ има ставено дека живее во Пјонгјанг. Тој не живее во Пјонгjанг туку во општина Центар, на улица Ленинова бр.25. По професија е доктор по ветерина. Интересно е да се напомене дека е братучед на Наташа Савова, а неговиот татко Савов и неговата мајка и двајцата се вработени во Општина Центар. Уште поинтересно е што и тој е вработен во Општина Центар во „Паркинзи на општина Центар“-ПОЦ и тоа од 01 јануари 2013 година е во редовен работен однос – рече Јакимовски.

Против него и против другите организатори на овој инцидент на седницата на Советот на Општина Карпош, рече Јакимовски, ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.