fbpx

Повеќе од 70 компании се претставија на Саемот за вработување во Охрид

-

Денеска, во градот Охрид, беше одржан четвртиот Саем за вработување, дел од караванот саемски претставувања наменети за граѓаните кои активно бараат работно место. Вториот по големина саем, по оној оддржан во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, беше домаќин на повеќе од 70 компании од регионот, но и од целата земја.

– Денеска сме во град Охрид и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот саеми за вработување во организација на Агенција за вработување на Република Македонија има цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и на увидот што компаниите го прават на пазарот на труд – изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Агенцијата за вработување на Република Македонија продолжува со организација на саемите за вработување, а следната недела ваков саем ќе се одржи во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.