fbpx

Град Скопје со 30 возила ќе го чисти снегот

-

Градот Скопје е подготвен за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови, информираат оттаму.

За чистење на снежните наноси од коловозите, Градот Скопје оваа сезона располага со 30 возила и со доволно количество сол. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска го посетија пунктот на ова јавно претпријатие во Кисела Вода, кадешто се стационирани возилата за расчистување на снегот.

– Од утре, 15 ноември, Градот Скопје почнува со зимско одржување на градските сообраќајници. Зимската служба 2014/2015 година ќе трае до 15 март 2015 година, со можност за продолжување доколку се неповолни временските услови. Градот Скопје и годинава е подготвен за расчистување на снежните наноси од коловозите. Наша задача ќе биде брзо и ефикасно да го расчистиме снегот од градските улици и да овозможиме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Кризниот штаб на зимската служба веќе почна со работа. Во него членуваат претставници од Градот Скопје, од јавните градски претпријатија, од десетте скопски општини, од Министерството за внатрешни работи и од Државниот инспекторат за патишта. Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како резерзи од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата КИЕМ. Што се однесува до потребните возила за расчистување на снегот, зимската служба ќе ги користи возилата на ЈП „Улици и патишта“, како и возилата што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел – рече денеска градоначалникот Трајановски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...