fbpx

Што ќе се гради на местото на злосторството кај Смиљковско Езеро?

-

По долгото одложување на пресудата за случајот „Монструм“, судот сега го одолжува и преводот на текстот на пресудата, постапка која доцни, а со тоа се запира и процедурата на одбраната за обжалување на првостепената пресуда до Апелацискиот суд, изјавил за „Порталб“ адвокатот Насер Рауфи.
Според него, постапката за жалба ќе биде пролонгирана бидејќи пресудата сè уште се преведува на албански.

– Судот го одолжува преводот на пресудата, која беше објавена пред повеќе од еден месец. Не знам зошто им треба толку време за да преведат 186 страници. Ова го забавува нормалниот тек на процедурата во Апелацискиот суд, бидејќи покрај жалбата, во документацијата до Апелација мора да биде приложена и пресудата, за која се очекува да биде готова во наредните десет дена – изјавил Рауфи.

Но, како што додава адвокатот, додека дојде на распоредот и се одржи сослушувањето на Апелацискиот суд и се донесе одлука, ќе поминат пет, шест или седум месеци, во зависност од жалбите што ќе бидат доставени до судот.

– Откако ќе ја прифати жалбата, Апелацискиот суд треба да го испрати предметот на мислење до Обвинителството и до судијата задолжен за случајот. Апелацискиот суд може да ја отфрли пресудата на првостепениот суд, да ја прифати или, пак, да го врати предметот на повторно судење, како што било случај многупати досега – вели Рауфи.

Од друга страна, како што пишува „Порталб“, Општина Гази Баба планира изградба на објекти на земјиштето кое е под концесија на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“.

И покрај бројните обиди, „Порталб“ досега не добил информации за објектите што ќе се градат покрај Смиљковско Езеро.

Бедри Ајдари, роднина на осудениот на доживотна казна затвор, Фејзи Азири, за „Порталб“ вели дека вистината за случајот „Монструм“ полека се открива.

– Ние отсекогаш верувавме дека целата работа е за договорот за земјиштето што сме го направиле и некако се открива дека тоа е вистина. Не знам кој ќе гради или што ќе гради, само знам дека обвиненијата за убиство имаат врска со 39 хектари земјиште кои беа земени под концесија на 30 години во 2006 година – вели Ајдари.

Тој додава дека неколкупати имало обиди да се раскине договорот за концесија, но тоа било невозможно, па сега целта е постигната со петкратното убиство кај Смиљковко Езеро.

– Неколкупати имаше обиди да го раскинеме договорот, но не беше возможно, а поради обвиненијата овој договор е откажан веднаш. Сега почнувам да сфаќам дека обвиненијата не беа за фер судење за убиство на пет лица, туку за присвојување земјиште – вели Ајдари за „Порталб“.

На 30 јуни, оваа година, Основниот суд Скопје 1 ги осуди на доживотен затвор Алил Демири, браќата Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, за кривично дело тероризам. Тие беа обвинети дека на 12 април 2012 година убиле петмина Македонци во непосредна близина на Смиљковско Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...