fbpx

СДСМ: Има ли и други „Субрата“ во Македонија?

-

Ставрески се срами да каже колкави се платите на вработените во слободните економски зони, трговскиот дефицит во првите девет месеци на годинава е поголем од лани бидејќи договорите и субвенциите што ги добиваат странските компании се врвна владина тајна, останува еден ден да стане јасно дали меѓу нив можеби се кријат и други „Субрата“, рече на денешната прес-конференција Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии при СДСМ.

– Ставрески се обидува да го покрие скандалот со Субрата Рој со смислено одбрани податоци за наводно успешните странски инвестиции во слободните економски зони. Прво, Ставревски вели дека компаниите во зоните оствариле извоз од речиси милијарда евра, но истовремено министерот не кажува колку е зголемен увозот на сметка на работењето на овие компании. Тоа што Ставрески, исто така, го крие, е фактот дека во првите девет месеци Македонија остварила трговски дефицит од една милијарда и седумстотини милиони долари. Тоа е за 30 милиони долари поголем дефицит од истиот период лани. Тоа покажува негативна тенденција. Тоа е вистинскиот „резултат“ од фалените инвестиции на Ставрески и на Груевски – рече Наумов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...