fbpx
Македонија Страница 1978

Македонија

Денеска почнува скијачката сезона во Маврово

Денеска и официјално почна скијачката сезона во Маврово. Од локалната власт велат дека сè е подготвено за прифаќање на сите туристи и за обезбедување максимални услови за престој и за забава во овој туристички центар. Хотелските капацитети на Маврово се речиси исполнети, исто како и големиот број викендички.  

СДСМ, три дена по обраќањето: Груевски продолжува со лицемерство

Груевски добро знае дека на двојните криминални избори во 2014 година, не одлучуваше народот, туку одлучуваа, во име на граѓаните, тој и институциите под негова контрола, реагираа од СДСМ. - Ако Груевски тврди дека тој и неговата власт се фокусираат на своите грешки, тогаш треба...

Ќе се отвори педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“

Педијатриски пункт во Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром ќе почне да работи на 9 јануари, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство, Никола Тодоров. Пунктот ќе работи секој ден и ќе бидат ангажирани околу 70 лекари педијатри и 70 медицински сестри. Според Тодоров, во текот на...

Ако не сте добиле К15, пријавете во Државниот инспекторат за труд!

Два дена поминаа по рокот до кога приватните компании имаа обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Некои К15 исплатиле во текот на минатата година, но многумина чекаа да чукне и последниот час од годината. Имаше и такви фирми кои...

Во новогодишната ноќ во Штип се родија три бебиња и паднаа 10 брачни понуди

Три бебиња се родиле во новогодишната ноќ во Штип и во текот на први јануари. Првото бебе е родено во два часот по полноќ со царски рез. Малата Антонија е второто дете во семејството Алексовски. Денеска се очекуваат уште девет породувања. - Изминатата 2014 година бележи...

Спојувањето празници е македонски изум

Скопје изгледа празно иако петок е работен ден. Пред Нова година од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека празниците, како што се четврток (1 јануари ) и вторник и среда (6 и 7  јануари), Бадник и Божик, не треба да се спојуваат со петок (2...

Во општина Аеродром ќе се гради нов парк

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска одржа прес-конференција на која најави изградба на нов парк. Градоначалникот Коневски изјави дека Општината планира да гради нов парк спроти „Мајчин дом“. Тој најави и изградба на улици, асфалтирање, изградба на канализации. Новиот парк спроти „Мајчин дом“ ќе се гради на...

Кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови

На 5 јануари 2015 година (понеделник), на платото пред ТЦ „Бисер“ и пред трговскиот центар во населба Лисиче, од 12.30 до 13 часот ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови. Кампањата за заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник...

Во Охрид -12 степени, крајбрежјето оковано во мраз

Охриѓани утрово се разбудија на температура од -12 Целзиусови степени. И повозрасните не паметат олку студено време. Одамна зимската темпаратура во нивниот град не била пониска од таа во Битола и во Скопје или во Крушево и во Берово. Дека во Охрид е навистина многу студено, илустрираа репортерите...

Сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниската температура, во утринските часови се забележува појава на голомразица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...

Студено време со температурa во минус

Времето денеска ќе биде студено со сончеви периоди. Минималната температура во котлнините ќе изнесува -12 Целзиусови степени, а -19 во повисоките планински делови. Максималната температура ќе изнесува од -2 до 2 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе биде претежно сончево и суво, со можно мало...

Вевчанци Новата година ја дочекаа во мрак и со студ

Жителите на Вевчани, Новата година ја дочекаа во мрак, смрзнати и гневни на надлежните, кои со денови ги оставија без електрична енергија на температура од -10 Целзиусови степени. Тие бараат итно да им се реши проблемот бидејќи трпат големи штети, им се расипува белата техника,...

Претседателот Иванов ја посети касарната „Илинден“

Претседателот на држвата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Горанчо Котевски, денеска традиционално, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ, пренесува „24 Вести“. Иванов беше во...

СВР Скопје: Вчеравечер беше мирно како ниту една друга ноќ во минатата година

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ била на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта поминала со многу помалку инциденти и случувања од која било друга вечер во годината, соопшти новиот началник...

Петнаесет битолчани со зголемен крвен притисок од прејадување

Лекарите од ургентното одделение на Клиничката болница во Битола, на новогодишната ноќ имале полни раце работа. Според докторот Зоран Лазаров, специјалист по ургентна медицина, ноќеска лекарска помош побарале петмина битолчани кои претерале со алкохолот, а кај 15 лица било констатирано зголемување на крвниот притисок, најчесто поради...

Итната помош за Нова година имала 172 интервенции

Службата за итна медицинска помош во Скопје, вчеравечер, за време на прославата на Нова година, интервенирала по повик и им укажала лекарска помош на 137 лица, а во пунктовите на итната помош биле извршени 172 прегледи. Според информациите, во пет случаи причина за интервециите била несовесната...

На Токсикологија примени 32 пациенти, 16 претерале со алкохолот за Нова година

На Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ биле примени 32 пациенти, од кои 16 биле во алкохолизирана состојба, соопшти докторот Нестор Поповски, од Клиниката за токсикологија, пренесува „Република“. Според информациите, поголемиот дел од лицата што претерале со алкохолот биле девојчиња на возраст меѓу 14 и 21...

На охридскиот плоштад илјадници славеа на минус 10 степени

Неколку илјади охриѓани и гости од балканските земји, ја дочекаа новата 2015 година на отворено, на -10 Целзиусови степени, на плоштадот Свети Климент Охридски. Со песна и со загреана ракија од околните кафулиња, веселбата траеше до длабоко во ноќта и заврши со впечатлив огномет над...

Првото бебе во новата 2015 година е девојче

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, една минута по полноќ се роди првото бебе во новата 2015 година. Бебето е женско, тешко е 3 килограми и 550 грама и долго е 51 сантиметар. За родителите ова е трето дете.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, им се обрати на граѓаните

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, им се обрати на граѓаните. „Лично сум убеден дека во изминативе 12 месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа, во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам, пред сè, здравје и лична среќа. Верувам дека сите...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...