fbpx

Во новогодишната ноќ во Штип се родија три бебиња и паднаа 10 брачни понуди

-

Три бебиња се родиле во новогодишната ноќ во Штип и во текот на први јануари. Првото бебе е родено во два часот по полноќ со царски рез. Малата Антонија е второто дете во семејството Алексовски. Денеска се очекуваат уште девет породувања.

– Изминатата 2014 година бележи пад на породувањата во штипскиот регион. Во Клиничката болница лани се родиле 990 деца, за разлика од 2013 година, кога имало 1.019 породувања – изјави началничката на одделениот за гинекологија и акушерство, Стаменска Јанкуловска. Новина е што лани бил зголемен бројот на рожби во семејства со три и со четири деца.

За новогодишната ноќ во Штип на цена беа предлозите за брак. Десетина понуди „паднале“ по штипските локали, каде имаше дочек на Новата година. Една од поромантичните понуди била таа на штипскиот борач Димитар Мите Ташков, кој во моментот на одбројување на последните секунди од старата година, облечен како Дедо Мраз, ѝ понудил брак на својата девојка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...