fbpx

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, им се обрати на граѓаните

-

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, им се обрати на граѓаните.

„Лично сум убеден дека во изминативе 12 месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа, во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам, пред сè, здравје и лична среќа. Верувам дека сите ние со нашата посветеност, сплотеност и чесност, кои се карактеристики на нашите граѓани, можеме во новата 2015 година да направиме многу и тоа за секој од нас поединечно, за нашите семејства и за Република Македонија. Посакувам во Новата година токму врз тие атрибути парламентот и парламентарната демократија да функционираат, онака како што доликува на едно современо општество и на европска држава, а Република Македонија и цивилизациски и културно е дел од Европа. Затоа посакувам и во новата 2015 година стабилна Македонија, поголем економски просперитет за сите граѓани и нека ни бидат здрави и живи семејствата“, стои во честитката од Вељаноски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...