fbpx
Македонија Страница 1802

Македонија

Карванот „Социјална правда сега“ вечерва во Охрид

Вечерва, од 20.30 часот, на централниот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид, иницијативата „Социјална правда сега“ ќе го организира перформансот од вести и од дебата на тема „Социјална (не)правда во Охрид“. „Социјална правда сега“ е иницијатива на организации на граѓанското општество, засегнати со сè поголемите проблеми...

Пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и со можна појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 21 до...

Лидерите се договорија да продолжат со преговори

Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска во Клубот на пратеници за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2 јуни, се вели во партиските соопштенија...

Заврши лидерската средба, договор нема

Лидерската средба заврши и лидерите на партиите заминаа од Клубот на пратеници. Никој од нив не даде изјава, но известија дека секоја од партиите ќе испрати соопштение со кое ќе ја информира јавноста.

„Студентски пленум“: Решението не е во патувања, туку во реновирање на домовите

„Студентски пленум“ изразува незадоволство од методот и од начинот на кој Владата се обидува да ги поткупи студентите за да заборават на проблемите и на условите во студентските домови, пишува на фејсбук-страницата на пленумот. Тие реагираат на вчерашната изјава на премиерот Николa Груевски, кој вети патувања на атрактивни...

Парламентарна комисија во сефте контрола на Агенцијата за разузнавање

Седум пратеници од Комисијата за надзор над работата на безбедносните служби при Собранието, која се доекипираше минатата седмица, денеска беа во контрола на Агенцијата за разузнавање (АР), која функционира под надлежност на шефот на државата, пренесува „Утрински весник“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во...

Почна лидерската средба, Груевски ги избегна новинарите

Почна лидерската средба што се одржува во Клубот на пратеници во Скопје. Прв пристигна лидерот на ДУИ, Али, Ахмети, а по него и амбасадорот на САД, Џес Бејли. Потоа пристигна претседателот на ДПА, Мендух Тачи, евроамбасадорот Аиво Орав и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Последен пристигна...

„Беса“ со протест пред Клуб на пратеници бара да учествува на лидерската средба

Додека се чека да почне лидерската средба помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, подмладокот на „Беса“ протестира пред Клуб на пратеници, каде треба да се одржи состанокот. Тие носат пароли и извикуваат дека Ахмети...

СДСМ: Груевски не го интересира народот, туку бизниси, пари и изборни манипулации

Да мислеше Никола Груевски наместо на своите интереси, на интересите на граѓаните, жителите на Шуто Оризари досега ќе имаа водовод, реагираат од СДСМ на поставувањето камен-темелник за нов водовод во Шуто Оризари, на кое присуствуваа премиерот Никола Груевски и градоначалникот Коце Трајановски. „Колку се важни...

Почнува 16. Летен универзитет во Струга

Од денеска до 3 јули, во хотелот „Дрим“, во Струга ќе се одржи 16. Летен универзитет, во организација на Амбасадата на Франција и на Францускиот институт во Скопје. Оваа година на настанот ќе бидат понудени пет наставни модули што ќе ги водат квалификувани обучувачи, а се...

Ќе се гради нов водовод во Шуто Оризари

Камен-темелник на новиот водоводен систем денеска беше ставен во општина Шуто Оризари. Проектот предвидува изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари на ЈП „Водовод и канализација“ на улицата Гвадалахара, пумпна станица кај поранешната фабрика на „ТИПО“ на булеварот Словенија, цевковод...

Отворена народна кујна во Зрновци

Во општина Зрновци почна да работи народна кујна, која е 49. по ред што се реализира со програмата на Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во Македонија. Народната кујна на почеток ќе ја посетуваат осум граѓани од општината, а нивниот број ќе се...

Хонорарците и волонтерите во градинките ќе добијат решенија за вработување

Договорите за хонорарци и за волонтери ќе се трансформираат во редовен работен однос на 662 вработени во детските градинки во земјава. – Трансформацијата ќе се реализира во три фази, односно околу 230 согласности и договори за транформација ќе бидат потпишани веднаш или до крајот на овој месец,...

МВР им издало потврди на 5.005 бегалци

За десет дена, откако стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди на 5.005 странски државјани, со кои им се овозможува 72 часа легално да престојуваат на територијата на државата, соопшти МВР. Измените на Законот,...

На границата со Србија заглавени повеќе од 500 мигранти

На границата помеѓу Македонија и Србија има повеќе од 500 мигранти кои се заглавени и не можат да поминат, потврди Александар Вулин, министер за труд и вработување на Република Србија, при денешната посета на Штип. Тој изјави дека тие немаат потребни документи, односно дозвола која се...

Битолските наставници почнуваат со постапка за оспорување на екстерното оценување пред Уставен суд

Наставници од повеќе средни училишта во Битола ќе покренат иницијатива за оспорување на проблематичните одредби од Законот за екстерното оценување пред Уставен суд. Како што за „Мета“ тврдат професори од Средното техничко училиште во Битола, од утрово се собираат потписи за преставката што ќе треба да...

Денеска нова лидерска средба, договор – невозможа мисија

Нова лидерска средба е најавена за денеска помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Според најавите, тешко дека и денеска ќе се постигне договор, особено откако и двете партии ги зацементираа своите позиции. Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ...

Облачно време со температура до 29 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на повремен локален дожд во попладневните часови, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Утринската температура се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а днeвната...

СДСМ: Единствен успех на Груевски е што поради неговите политики 250.000 млади се иселија од Македонија

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики, повеќе од 250.000 млади луѓе се иселија од земјава, реагираат од СДСМ на говорот на премиерот Никола Груевски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски е изворот,...

Груевски: Нема да дозволиме да пропадне договорот од 2 јуни

Ако Заев има барем трошка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено по онаа видеоснимка, на која отворено и срамно бара мито од бизнисмен, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на конференцијата на...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...