fbpx

Груевски: Нема да дозволиме да пропадне договорот од 2 јуни

-

Ако Заев има барем трошка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено по онаа видеоснимка, на која отворено и срамно бара мито од бизнисмен, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Замислете, таков човек за премиер. Истото ќе почне да го прави со сите домашни и странски компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат и да ги затвораат работните места. Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори – рече Груевски.

Премиерот истакна и дека со сите достигнувања што ВМРО-ДПМНЕ ги направила за Македонија, сега сиот труд, нови можности и проекти кои доаѓаат, некој сака да ги урне преку ноќ.

– Со нелегално стекнати и креирани телефонски разговори, некој создаде криза и се бори колку што може подолго таа да трае. Зошто? Прави ѝ штета на сопствената земја и обвини ја ВМРО за тоа, а потоа прибирај ги разочараните гласови. Просто е, ама и многу себично истовремено. И многу на штета на својот народ и на својата држава. Не знам уште колкумина веруваат на приказната дека ние сами себе сме се прислушувале, но знам дека има една работа од која сите овие заговорници на оваа теорија бегаат како од ѓавол, а тоа е дека двајцата ангажирани агенти на Верушевски си кажале дека нарачките за нелегалното снимање и парите што ги примале за тоа, не ги добивале од Мијалков, туку од Верушевски. Она што е значајно за Македонија е да не му се дозволи на овој човек и на оние околу него да смислат причини за да не се реализира договорот од 2 јуни. Ве уверувам дека тој ќе направи сè за да пропадне договорот, а предвремени избори да нема – рече Груевски.

Премиерот рече дека ги очекуваат уште едни избори и уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа ќе бидат избори со кои Македонија ќе испрати голема порака, а тоа е Македонија е премногу созреана за обични „шибицери“ да ја прелажат. Историски избори кои никој не смее да ги пропушти. Не е во прашање Заев или Груевски. Во прашање е потценетата интелегенција на цел еден народ. Во прашање е валкана игра, која ако не се сосече со референдумско гласање против инструментот СДСМ кој ја создаде кризата, ќе стане практика, стил на живот, стил на владеење, ќе стане иднина на Македонија. Ќе стане правило со измама, интрига и со манипулација да се освои власт, а не со работа, реформи, дела и со држење до дадениот збор – рече Груевски.

Тој пред членовите на УМС ја пофали партијата и подмладокот за сè што имаат направено досега, за сите, како што вели успешни проекти за Македонија и за младите. Груевски најави и три нови инвестиции. Тој, исто така, кажа дека ќе воведат нова стимулативна мерка за студентите од државните универзитети. Како што најави премиерот, за студентите што ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек поголем од 9,50 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, Владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Париз, Венеција или Барселона, со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана. Релизацијата ќе почне од септември или октомври оваа година. А оние кои ќе вложат најголем труд и ќе покажат најдобри резултати, ќе добијат и дополнителна награда од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...