fbpx

Карванот „Социјална правда сега“ вечерва во Охрид

-

Вечерва, од 20.30 часот, на централниот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид, иницијативата „Социјална правда сега“ ќе го организира перформансот од вести и од дебата на тема „Социјална (не)правда во Охрид“.

„Социјална правда сега“ е иницијатива на организации на граѓанското општество, засегнати со сè поголемите проблеми во сферата на социјалната правда во Република Македонија. Неа ја сочинуваат „Цивил“ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија (МППС), активисти за човекови права и експерти.

Иницијативата е поддржана од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Инцијативата „Социјална правда сега“ им овозможува на присутните да учествуваат со прашања и со кометари за социјалните проблеми во нивните средини, на кои им одговараат претставници на граѓанското општество. Вести за социјална (не)правда во својот град, охриѓани ќе имаат можност да гледаат во живо.

„Цивил“ – Центар за слобода, заедно со Македонската платформа против сиромаштијата, ја поведе иницијативата за да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија, особено на локално ниво.

„Цивил медиа“ ќе продолжи да продуцира видеоприлози кои објективно ќе ја информираат јавноста за кршењето на човековите и на работничките права.

Во интерес на објективното информирање и на медиумската слобода, редакцијата на „Цивил медиа“ ја користи методолошката алатка „стрит медиа“ (street media). Тоа подразбира снимање и продуцирање видеопроекции, „вести во живо“, на плоштадите низ Македонија.

Активностите на иницијативата се состојат во зајакнување на јавната свест и во застапување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.

Иницијативата „Социјална правда сега“ се залага и за заштитата на другите социјални и општествени категории, како што се хонорарците, младите, стечајните работници, социјално загрозените и низа други социјални групи во општеството, кои секојдневно се соочуваат со грубо кршење на нивните социјални права и со дискриминација од институциите на централно и на локално ниво и од работодавците.

Иницијативата е отворена за организации, граѓански групи и за поединци кои се залагаат за социјална правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...