Дали струјата ќе поскапи, ќе се знае денеска

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на електричната енергијa што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули.

Стручните служби ги разгледаа поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ја донеле и одлуката.

Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторната комисија со кои се бара зголемување на цената на струјата и за 10 проценти.