fbpx
Македонија Страница 1803

Македонија

Охриѓани собираат хуманитарна помош на мигрантите

Охриѓани денеска, исто како и жителите на Велес, Битола и на Скопје, организирано собираа хуманитарна помош за мигрантите што транзитираат низ Македонија. Помошта се собира во продавниците на „Биокосмос“, на булеварот Туристичка, наспроти Охридска банка, во периодот од 9 до 17 часот. - Со оваа акција сакаме...

Регионален форум за идентификување проблеми во Охрид

Во организација на „Цивика мобилитас“, денеска во Охрид почна Регионалниот форум за соработка, под мотото „Твој простор, твој глас“. Граѓани и граѓански организации дискутираат за управување со отпадот, за заштитата на охридското крајбрежје, за учество на младите во носењето политики и за нивната невработеност, за...

СДСМ: Образованието да се ослободи од стегите на власта

Екстерното како проект предизвика многу фрустрации, ги натера децата да учат напамет, тренираше строгост, ги измалтретира родителите и ги деградира наставниците, обвинуваат од СДСМ по објавувањето на резултатите од есктерното тестирање во основното и во средното образование. - Таканареченото екстерно тестирање, Владата на Никола Груевски...

Груевски на Самит на ЕПП во Брисел

Премиерот Никола Груевски пристигна во Брисел, каде денеска ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија (ЕПП), на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер...

Општина Струмица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

59-годишнина од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, одбележа денеска Општина Струмица. Одбележувањето се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, пред кој претставници на Општина Струмица, јавните институции, политичките партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе. Пред споменикот беа прочитани...

Просечната оцена од екстерното тестирање е 3,26

Просечната оцена од екстерното тестрање е 3,26, а учениците ќе можат да поднесуваат приговори до училишната комисија од утре, 26 јуни, па сè до 30 јуни, кога ќе имаат право на увид во тестот, соопшти Државниот испитен центар. Минатата година просечната оцена на постигнување беше...

ЛДП: Груевски повторно се обидува да ја манипулира македонската јавност

Премиерот Никола Груевски повторно се обидува најдрско и лицемерно да ја манипулира македонската јавност и меѓународната заедница, најавувајќи „План за нови реформи за европска интеграција на РМ“, што е уште една негова срамна и патолошка реакција на крајно сериозниот извештај на Рејнхард Прибе, реагираат...

Оградата од ковано железо се поставува околу Владата

Ограда од ковано железо помеѓу бетонски столбови повисоки од два метри, почна да се поставува од задната страна на објектот на Владата. Оградата околу Владата ја гради скопската градежна компанија „Бауер БГ“, а за неа се потрошени околу  700.000 евра.  

Попоски во септември во Атина?

Позитивна и пријателска средба која може да помогне да се изгради поголема доверба и соработка меѓу македонскиот и грчкиот народ. Вака грчкиот новинар и аналитичар за „Катимерини“, Ставрос Ѕимас, ја оценува вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Според Ѕимас, посетата на Коѕиас,...

Јолевски ќе учествува на состанокот на НАТО за мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска ќе оди во Брисел. Таму ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за европски прашања. Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија и предлог-законот за јавнообвинителската служба, во второ читање, се на...

Променливо време, со температура до 25 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со услови за локален дожд во претпладневните часови, особено во источните делови на земјата, а попладне се очекува облачноста да се намали и да преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен ветер, од северeн правец. Утринската температура се...

Коѕиас најави пакет од три чекори за решавање на спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во вечерашното интервју за телевизија „Телма“, најави дека Грција во блиска иднина ќе предложи пакет од три чекори за решавање на спорот за името. - Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе...

Удирајќи во лонци, тави и во тенџериња, демонстрантите бараа оставка од Груевски

Неколку стотини граѓани, активисти, луѓе од опозицијата вечерва преку мирен, но бучен протест пред домот на премиерот Никола Груевски, побараа од него да си поднесе оставка и да овозможи да се одржат избори, кои ќе ги организира преодна влада, во која тој нема да...

Заев изрази поддршка за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција ги обединија во ставовите владата и опозицијата. Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, изрази поддршка за иницијативата и за договорените мерки за градење доверба, за поголема соработка и...

Коѕиас на средба со Заев

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, во моментов е на средба со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Претходно, шефот на грчката дипломатија се сретна со својот колега, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателите на ДУИ,...

Коѕиас се сретна со Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигна во седиштето на Канцеларијата за врски на Грција за да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Предвидено е средбата да трае половина час, а по завршувањето нема да има изјави. Откако ќе заврши средбата со Ахмети,...

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани - Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места. Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на...

Иванов се сретна со Коѕиас

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што Иванов го поздравил усогласувањето на мерките за доверба меѓу двете земји, оценувајќи дека тоа претставува значаен чекор за понатамошно...

Коѕиас се сретна со Тачи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пристигна во седиштето на Канцеларијата за врски на Грција за да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Предвидено е средбата да трае половина час, а по завршувањето нема да има изјави. Откако ќе заврши средбата Тачи-Коѕиас, грчкиот министер...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...