fbpx

Битолските наставници почнуваат со постапка за оспорување на екстерното оценување пред Уставен суд

-

Наставници од повеќе средни училишта во Битола ќе покренат иницијатива за оспорување на проблематичните одредби од Законот за екстерното оценување пред Уставен суд.

Како што за „Мета“ тврдат професори од Средното техничко училиште во Битола, од утрово се собираат потписи за преставката што ќе треба да се достави до Уставен суд за оспорување на сите членови од Законот за образование што се однесуваат на екстерното оценување, заменските наставници и за сите казни и откази што им се закануваат на наставниците поврзани со екстерното оценување.

За оваа постапка веќе е ангажиран адвокат, а наставниците најавуваат дека работата ќе ја тераат и до меѓународните судови, доколку Уставен суд на Република Македонија не ги исполни нивните очекувања.
Наставниците велат дека за покренување на оваа постапка како никогаш досега се единствени како бранша, иако има мал дел од нивните колеги кои, поради притисоци и закани, не го ставаат потписот на иницијативата.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...