fbpx

Ќе се гради нов водовод во Шуто Оризари

-

Камен-темелник на новиот водоводен систем денеска беше ставен во општина Шуто Оризари.

Проектот предвидува изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари на ЈП „Водовод и канализација“ на улицата Гвадалахара, пумпна станица кај поранешната фабрика на „ТИПО“ на булеварот Словенија, цевковод со должина од 2,3 километри, со профил од 500 милиметри кој ќе води од пумпната станица, па по улиците Шуто Оризари, Виничка, Че Гевара, Плаковица и Бутелски венец. Пумпната станица ќе се поврзе на градската доводна линија од изворот Рашче. Изградбата на водоводот во Шуто Оризари претставува заеднички проект на Градот, ЈП „Водовод и канализација“ и на Општина Шуто Оризари.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 182.367.800 денари. Во финансирањето на проектот Градот ќе учествува со 79,7 милиони денари, со исто толку пари и „Водовод и канализација“, а Општина Шуто Оризари со 22,9 милиони денари.

Градот ќе ги обезбеди финансиските средства по пат на заем од Светска банка, додека ЈП „Водовод и канализација“ од сопствени извори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...