fbpx
Македонија Страница 1777

Македонија

Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Во Македонија времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала од умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Нестабилно време особено се очекува во...

ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот...

„Ленка“: Можни се предизборни манипулации и од власта и од опозицијата

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска преку соопштение, објавено на нивната интернет-страница, упатува апел и предупредување до јавноста за „можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата“. Според „Ленка“, најголем проблем за најавените предвремени парламентарни избори, закажани за 24...

Се урива филмскиот град во Битола

Се уриваат градбите во поранешната касарна во Битола, каде локалната власт го градеше проектот „Битола филмски град“, објави денеска битолската опозиција. Овој проект беше еден од поекспонираните на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, уште за време на неговиот прв мандат. Битолската опозиција, тргнувајќи од најавите на градоначалникот...

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од...

Во Прилеп одбележани 101 година од почетокот на Првата светска војна

Амбасадата на Руската федерација во Македонија, со пригодна церемонија во спомен на загинатите руски војници, денеска на Германските гробишта во Прилеп, одбележа 101 година од почетокот на Првата светска војна, односно влегувањето на Русија во војната. По тој повод, делегација од Општина Прилеп предводена од...

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж...

Укинати препораките за заштита од топлото време

Владата донесе одлука за укинување на препораките, донесени оваа недела, а кои се однесуваа на ослободување од работните обврски и препораките за избегнува вршење градежни работи на отворено, поради високата температура, кои требаше да важат до 4 август. Како што соопштуваат од Министерството за здравство,...

Зоран Ставрески во Њујорк: Работно или на одмор?

Министерот за финансии, Зоран Ставрески е во Њујорк, дознава новинската агенција „Мета“. Репортерот на „Мета“ го фотографираше министерот Ставрески вчера, во близина на Музејот на модерна уметност (МОМА), во Њујорк. Од Владата и од Министерството за финансии денеска не добивме одговор дали министерот Ставрески е на...

Променливо време со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, а во попладневните часови се очекува да преовладува облачно и нестабилно време со услови за локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во планинските делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од...

На Табановце се чека половина час за излез

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од АМСМ. На граничниот премин Табановце има задржување од околу 30 минути, а на другите гранични премини, и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Информацијата се однесува...

Невреме ја зафати Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладнево биле зафатени северните и источните делови од Македонија, каде што на повеќе места имало пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Поинтензивни биле процесите на повисоките места и на планините, особено во беровскиот регион,...

Владата подготвува попис на населението

Премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање од Роза Топузова-Каровска, на денешната собраниска седница изјави дека „се прават напори да се спроведе попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка...

„Цивил“: Култот кон оружјето сè поголем, институциите затајуваат

„Институциите на државата веќе одамна не обрнуваат никакво внимание на темите, проблемите и на потребите поврзани со контролата на оружје, борбата против нелегалното оружје стивна, а козметичките зафати што ги прават во оваа насока не даваат никакви резултати“, велат од невладината организација „Цивил“ - Центар за...

Ленче Здравкин доби признание од УНХЦР

Ленче Здравкин, една од најактивните хуманитарки во Македонија, доби признание од УНХЦР за помошта што секојдневно им ја пружа на мигрантите. Таа е наречена „жената-ангел“ за бегалците на кои несебично им помага. Ленче има 48 години и живее непосредно до железничката пруга во Велес, а...

Груевски: Креираната политичка криза имаше влијание врз економијата

„Свое влијание врз економијата имаше креираната политичка криза во изминатите месеци, а ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помало. Сепак, неизбежно беше да има свое влијание“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот...

Посебен сообраќаен режим за Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамките на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим заради непречено и безбедно одвивање на закажаните настани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите на...

ЕУ даде 100.000 евра помош за справување со мигрантите

90.656 евра хуманитарни средства за да помогне во справувањето со миграцискиот притисок во Република Македонија, обезбеди Европската унија. Поддршката е наменета за Црвениот крст на Македонија да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци, преку Фондот за итно надминување катастрофи на Меѓународната...

Царината заплени 117 литри алкохолни пијалаци без бандероли

Околу 117 литри жестоки алкохолни пијалаци без или со странски бандероли, за кои не била платена акциза, заплениле тимовите на Царинската управа и на Упрвата за јавни приходи (УЈП) во заедничка акција што била спроведена во периодот од 27 до 30 јули. Како што соопштуваат...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...