fbpx
Македонија Страница 1776

Македонија

Во Скопје нема очила за сонце како тие на премиерот Груевски

Очила за сонце „мајбах“, какви што носи премиерот Никола Груевски, нема во продавниците во Скопје, провери „Мета“. Владата вчера излезе со демант на информацијата објавена во некои од медиумите дека Груевски носи очила за сонце „мајбах“, кои чинат 60.000 долари. - Очилата за сонце воопшто не се...

ЕУ експедитивно ќе ги враќа назад македонските и балканските баратели на азил

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера подготвија предлог со кој барателите на азил од Западен Балкан ќе можат брзо да се вратат назад во земјите од кои доаѓаат, јавува порталот „ЕУ обзервер“. Предлогот е дел од поголем план, на ниво на ЕУ за создавање...

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на пет македонски организации од дијаспората во Република Франција, Кралството Шведска, Австралија и во Канада. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, признанието ќе биде доделено на: Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески“...

И денеска сончево со температура до 40 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи од 34 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, односно сончево...

Владата демантира дека очилата за сонце на Груевски чинат 60.000 долари

Владата на Македонија испрати демант во врска со пишувањата во дел од медиумите за цената на очилата за сонце на премиерот Никола Груевски. - Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола...

Брисел побара целосна и навремена примена на договореното на 15 јули

Потребна е целосна  и навремена примена на Договорот од Пржино, порачаа вечерва од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со Советот за стабилизација и асоцијација. Лајчак рече дека македонските претставници - министерот Никола Попоски и министерот за...

Во пожар во тетовско Жеровјане изгоре фарма

Во пожар изгоре фарма на површина од 600 квадратни метри во село Жеровјане, Општина Боговиње. Пламените јазици избувнале попладнево, кога во објектот немало никого. Тетовската противпожарна единица, на местото пристигнала за половина час и целосно го локализирала пожарот за два часа. - Поради топлото време и...

ВМРО-ДПМНЕ: Побаравме одложување заради обврските на Попоски

Од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, реагираат на прес-конференцијата на заменичката на претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, посочувајќи дека „денешната средба на работната група не беше ниту прва, ниту втора, туку досега се одржаа повеќе средби, на кои не присуствуваа претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска и...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ го откажа учеството во работната група, на Груевски му е побитно да се сонча во Тел Авив

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, соопшти дека од ВМРО-ДПМНЕ, половина час пред закажаната средба, го откажале учеството на работната група што беше задолжена за планирање и за спроведување на европските препораки од извештајот на Прибе. - Вие бевте сведоци дека на денешниот прв состанок на работната...

МВР: Посебен сообраќаен режим за натпреварот меѓу Вардар и Апоел

Министерството за внатрешни работи (МВР) утре, 20 јули, ќе воведе посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во центарот на Скопје, а во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и на Апоел од Никозија, Кипар, кој се игра во рамките на квалификациите...

„Твитер“ се релаксира со новите очила за сонце на Груевски

Денеска на социјалната мрежа „Твитер“ се појави фотографија од премиерот Никола Груевски како одмора на лежалка на плажа. Според тврдењата на твитерџиите, фотографијата е направена во Тел Авив, Израел, а премиерот носи очила кои чинат 60.000 долари. Одморот на премиерот го потврдија и од владината прес-служба. Твитерџиите, пак,...

Пожарот беснее над Охрид, каде се „канадерите“?

Силен пожар беснее попладнево над Охрид, во подножјето на планината Петрино, во област со далноводи и со преносни предаватели на мобилни оператори. Пожарот брзо се шири во правец од исток кон запад и има зафатено нискостаблести дрва, пред сè, смрека, како и борова шума. Огнената...

Железничката станица ќе биде завршена за три-четири месеци

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје е во завршна фаза. Се очекува за три-четири месеци комплетно да биде реконструирана и да добие нов модерен изглед. Ова денеска на увидот во градежните работи го изјавија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на...

Од почетокот на годинава, 17 нови тужби против новинари

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентар и ЦРМ ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и...

Пожар на планината Петрино во Охрид

Веќе неколку часа на планината Петрино во Охрид се шири пожар. На местото што е зафатено од пожарот има далноводи и предаватели на мобилни оператори. Надлежните служби информираат дека двата пожари се над 110-киловолтна трафостаница. Истовремено, делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија,...

Лани се запишале 2,8 проценти повеќе студенти во однос на 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59.359 студенти, што претставува пораст за 2,8 проценти во споредба со академската 2013/2014 година. Бројот на запишани студенти - жени изнесува 32.175 или 54,2 проценти. Најголем...

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело...

Хан: Македонија има прецизен патоказ до изборите, потоа на ред е името

Македонија има прецизен патоказ што треба во следните месеци до изборите да се случува, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска пред средбата на шефовите на дипломатија на ЕУ во Брисел. - Дотогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира...

Промоција на мото-туризмот во Македонија

Претставници на магазинот „Мотоциклизмо“ (Motociclismo), едно од најстарите списанија за мотоциклизам, се на промотивно патување во Македонија. Директорот на магазинот, Федерико Аливерти, ја предводеше групата од 12 моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото-туризмот. „Мотоциклизмо“ сними видеозапис за промотивни цели што ќе се...

Со германска помош ќе се обновува детското игралиште во Охрид

Германската амбасада во Скопје финасиски ќе го помогне проектот за обнова и за реконструкција на детското игралиште кај каналот Студенчишта во Охрид. Германската амбасада ѝ додели грант на Општина Охрид во вредност од околу 485.000 денари, односно околу 8.000 евра. Од овие средства, 425.259 денари...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...