fbpx

ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот сервис, објавува „24 Вести“.

„Клучно барање ни е изборот на членовите на програмискиот сервис и начинот на донесување одлуки во сервисот да се носи со двотретинско мнозинство. Со тоа ќе ги натераме политичките партии од власта и од опозцијата да соработуваат наместо да се судираат“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, за „24 Вести“.

За Селмани е неприфатлива идејата за воведување втор канал на МРТВ, каде уредниците ќе бидат предлагани од опозицијата.

„Идејата дека во јавниот сервис каналите треба да се делат по политички партии, еден за опозиција, еден за власта и еден за етничките заедници за нас е неприфатлива, затоа што со тоа практично се откажуваме од идејата некогаш да имаме јавен сервис кој ќе служи на интересите на граѓаните“, вели Селмани.

Во согласност со Договорот од Пржино, работните групи треба да најдат решение со кое јавниот сервис треба да се ослободи од политички, партиски и комерцијални влијанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...