четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: народенправобранител | 13 резултати

Мемети: Од 38 полициски станици, 28 треба да се затворат

јуни 25, 2015

Во Република Македонија има 38 полициски станици, од кои 10 ги исполнуваат минималните европски стандарди, а другите 28 препорачуваме да се затворат или да се користат само за краткотраен престој, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, на која го објави извештајот за националниот превентивен механизам за 2014 година. – Овие состојби му ги […]

Мемети за третманот на мигрантите: Нехумано, нездраво, недостоинствено

јуни 12, 2015

Мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба се сместени во услови кои се полоши од оние во притвор, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, посветена на условите во центарот, но и на слабостите на системот по напливот на бегалци од Блискиот Исток, каде беснеат вооружени конфликти. Тим на Народниот правобранител го […]

Бунт на мигрантите во прифатниот центар во Гази Баба

јуни 10, 2015

Мигрантите сместени во прифатниот центар во скопската населба Гази Баба, денеска попладне кренале бунт, јавува „Нова ТВ“. Информацијата за порталот ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не соопштиле детали за тоа што преземаат и дали ситуацијата е смирена. – Мигрантите бараат да бидат префрени во Центарот за азил во Визбегово, но […]

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

мај 20, 2015

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата во Куманово имало и полициски службеник, Котевски одговори: „Да, мислам […]

Народен правобранител: Да слушаа што зборувавме, можеби Тамара немаше да почине

март 27, 2015

Изминативе три години Народниот правобранител предупредува дека можно е да има големи последици од бавните постапки во кои Фондот за здравствено осигурување одлучува дали некој граѓанин ќе биде испратен во странство на лекување, како што, на крајот, се случи и со малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи го решението од ФЗОМ. Ова може […]

Народен правобранител: Влошени состојбите во секој сегмент од општеството

март 26, 2015

Зголемен број претставки на граѓаните за работата на правосудството, опаѓање на квалитетот на јавната администрација, дискриминација на Ромите и на Албанците од Министерството за внатрешни работи, говор на омраза, влошување на состојбите во казнено-поправните и во воспитно-поправните установи и несоодветно и непрофесионално менаџирање на овие институции. Ова се само дел од забелешките кои народниот правобранител Иџет Мемети […]

Штипјани со претставки за работата на извршителите

јануари 6, 2015

Претставките од затворениците за правото на медицинска нега, а од граѓаните реакциите на работењето на правосудството, доминирале изминатата 2014 година во работењето на канцеларијата на народниот правобранител во Штип. Потоа следуваат претставките на правото од работен однос, но на врвот се оние за работењето на извршителите. Вкупно 650 граѓани биле примени изминатата година, а се […]

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник „дува“ лепило

декември 16, 2014

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник вдишува лепило. Ова се најмладите корисници на дроги во Македонија за кои знае Здружението ХОПС-Опции за здрав живот-Скопје. Од Здружението велат дека последните три години нема ниту едно дете помладо од 18 години што било вклучено во центрите за лекување од зависности. На Клиниката за детски болести и психијатрија прифаќале деца […]

Се одбележува Меѓународниот ден на човековите права

декември 10, 2014

Денеска со мотото „Човекови права 365 дена во годината“ се одбележува 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. „Фундаменталните постулати, на кои се заснова Универзалната декларација за човековите права, укажуваат на фактот дека слободите и прaвата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место“, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Страна 1 од 1