fbpx

Царината заплени 117 литри алкохолни пијалаци без бандероли

-

Околу 117 литри жестоки алкохолни пијалаци без или со странски бандероли, за кои не била платена акциза, заплениле тимовите на Царинската управа и на Упрвата за јавни приходи (УЈП) во заедничка акција што била спроведена во периодот од 27 до 30 јули.

Како што соопштуваат од Царинската управа, контроли биле извршени во педесетина кафе-барови, ресторани, супермаркети и продавници во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и во Прилеп.

Во 13 од нив, инспекторите на Царината и на УЈП откриле незаконска продажба на алкохолни пијалаци.

„Привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видoви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери)“, стои во соопштението на Царинската управа.

Оттаму додаваат и дека во продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, биле откриени и 23 кутии цигари од марките „марлборо“ и „престиж“, со странски или без бандероли.

„Овие контроли се спроведуваат за да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но, пред сè, да се заштити здравјето на луѓето. Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот од јануари до јули годинава, наплатени се приближно 15 отсто повеќе акциза за тутун и за тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година“, велат од Царината, додавајќи дека „акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и понатаму“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...