fbpx

„Цивил“: Култот кон оружјето сè поголем, институциите затајуваат

-

„Институциите на државата веќе одамна не обрнуваат никакво внимание на темите, проблемите и на потребите поврзани со контролата на оружје, борбата против нелегалното оружје стивна, а козметичките зафати што ги прават во оваа насока не даваат никакви резултати“, велат од невладината организација „Цивил“ – Центар за слобода, а по повод трагедијата во Гостивар, во која животот го загуби 10-годишно дете, кое беше погодено со заскитан куршум во главата.

„Само за споредба, во 2003 година, само две години по воениот конфликт, за само 45 дена, тогашната влада, во соработка со УНДП и со „Цивил“, собра повеќе од 7.500 парчиња нелегално оружје по пат на амнестија. Десет години по конфликтот, со процени дека бројот на парчиња нелегално оружје во земјата не е значително намален, МВР поведе целогодишна акција за доброволно предавање на нелегалното оружје, која во јуни 2011 година заврши повеќе од неуспешно. За 365 дена, МВР собра 26 парчиња нелегално оружје“, стои во соопштението на невладината организација, според која „голем дел од неуспехот се должи на недовербата кон МВР и на отсуството на соработка со граѓанското општество.“

Според „Цивил“, нема индикатори дека бројот на нелегални парчиња оружје е намален, а проблем станува и оружјето кое се поседува со лиценца бидејќи голем број од инцидентите што се случија во последно време се со огнено оружје со дозвола.

„Во периодот од 2003 до 2011 година, се проценуваше дека во Македонија има 110.000-170.000 поседувачи на нелегално оружје, кои поседуваат едно или најмалку едно парче нелегално оружје. Нема индикатори за тоа дека овие бројки се намалиле во меѓувреме. Понатаму, далеку од очите на јавноста се податоците за тоа со колку и со какво оружје располагаат приватните агенции за обезбедување. Култот кон оружјето е во пораст, како и подготвеноста да се посегне по оружје и во најбанални ситуации во секојдневието“, велат од „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...