fbpx
Македонија Страница 1566

Македонија

Нови тензии на Идомени, бегалците туркаа стар вагон кон оклопните возила на полицијата

Ситуацијата на Идомени останува тензична по вчерашните судири. Денеска група бегалци повторно се собра на оградата и бараа од македонската полиција да ја отвори границата. Денешната комуникација, сепак, сè уште е мирна. Бегалците бараа македонската полиција да ги пушти, коментирајќи дека тие не се терористи....

Ципрас: Инцидентите на Идомени се голем срам за Македонија и за Европа

Голем срам и за Европа и за Македонија се вчерашните инциденти на Идомени, според грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ципрас остро ја критикуваше Македонија што нападнала невооружени бегалци, кои, според него, воопшто не претставувале опасност за државата и ги осуди насилните инциденти во кампот кај Идомени. Тој истакна дека...

Бурна расправа во ДИК за извештајот за теренската проверка на гласачите

Презентирањето на извештајот за теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, поминува во бурна расправа меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Тие поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи. Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу...

Брисел: Мигрантите од Идомени да се преместат во камповите низ Грција

Европската комисија денеска упати повик сите мигранти од грчката страна на границата да се преместат во другите кампови во земјата. „Европската комисија ќе продолжи да ја испраќа пораката дека луѓето од Идомени треба да бидат релоцирани и згрижени во прифатните центри во Грција и дека...

Министрите на СДСМ потпишуваат одлуки, а не кажуваат дали одат во кабинетите

Министрите и дополнителните заменици-министри на СДСМ во Владата ги потпишуваат решенијата и одлуките во рамките на секојдневните обврски, но ниту тие ниту од нивните кабинети не кажуваат дали по поднесувањето на оставките на функциите доаѓаат на работа. Од МВР за „Мета“ денеска не можеа да...

Аманатидис: Потребна е поголема соработка меѓу Грција и Македонија

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, истакна дека инцидентите кај Идомени покажале дека има потреба да се засили соработката меѓу Македонија и Грција. Во интервју за телевизијата „Скај“, Аманатидис повторно ги осуди инцидентите и употребата на насилство од македонска страна кон мигрантите. Заменик-министерот посочи дека...

Николовски: Груевски бега од фер избори за да ја спаси сопствената кожа

Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство во оставка, денеска на прес-конференција рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од...

МВР: Не сме навлегле во Грција, оградата е пет метри на наша територија

Министерството за внатрешни работи ги демантира и ги отфрла како невистинити тврдењата на грчките медиумите дека при вчерашната интервенција за спречување на мигрантите нелегално да влезат во земјава кај котата 59, македонските безбедносни сили навлегле на грчка територија. Ова е официјалниот став на МВР...

Македонската полиција навлегла во Грција бркајќи ги мигрантите, тврдат медиумите

Инцидентите на Идомени остануваат топ-тема во Грција. Реакцијата на македонската полиција, избивањето насилство и отсуството на реакција од грчката влада и од полицијата во целата ситуација ја брануваат грчката јавност. Од Министерството за внатрешни работи на РМ ги демантираат и ги отфрлаат како неточни тврдењата на...

Павлопулос: Со односот кон бегалците, Македонија не заслужува да е во ЕУ и во НАТО

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, остро ги осуди инцидентите на Идомени и оцени дека со насилниот однос кон бегалците, Македонија покажала дека не заслужува да биде членка ниту на ЕУ ниту на НАТО. Павлопулос на денешната средба со португалскиот премиер Антонио Коста говореше за начините на...

На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника

Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување. Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти,...

ДИК напладне ќе одлучува што понатаму со избирачкиот список

Сите податоци од теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список се внесени во системот на Државната изборна комисија (ДИК), по што денеска ќе се обелоденат на јавна седница, која треба да се одржи во 12 часот. За „Мета“, членови од ДИК информираат дека тие интензивно...

Времето денеска променливо облачно со температура до 18 степени

Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 18 степени.

Повеќе од 20 полицајци се повредени во судирот со мигрантите

Вкупно 23 лица, односно 14 полицајци и девет припадници на АРМ, се повредени во денешниот судир на полицијата и на мигрантите на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на МВР се вели дека во текот на судирот оштетени биле и три возила...

Грција испрати протестна нота до Македонија за инцидентите на границата

Грција испрати протестна нота до Македонија, осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата. Според соопштението од грчкото министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос, до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени. Лалакос истакнал дека употребата на насилство не помага да...

Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница. Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети. Материјалните штети...

Вучиќ: Нема да коалицирам со тие што не ѝ мислат добро на Србија и по цена да ги загубам изборите

Српскиот премиер и претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска изјави дека е на прагот да ги загуби изборите, односно други да формираат влада без листа околу СНС, но остана на ставот дека немало да прави компромиси со тие што, како што рече, сакале...

Кирицис: Насилството врз бегалците е за осуда

Портпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис, остро реагираше на инцидентите на Идомени. Кирицис испрати порака до македонските власти да се воздржат од употреба на сила со бегалците, а апелираше и до бегалците да не веруваат во лажните информации за отворање...

Полицијата запре неколку обиди за шверц на мигранти

Во текот на вчерашниот ден, полицијата во три одделни случаи кај Демир Капија открила вкупно 21 илегален мигрант од Пакистан и од Ирак. Полициски службеници од Неготино вчера, околу 1.30 часот, во близина Демир Капија, забележале две патнички возила во кои се превезувале илегални мигранти....

Тројца полицајци повредени во судирот со мигрантите

Тројца припадници на полицијата се повредени во судирот што попладнево се случи на македонско-грчката граница, меѓу припадниците на МВР и група мигранти кои насилно се обиделе да ја преминат границата, потврдија за „Мета“ од МВР. Полицајците биле итно префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Претходно, полицијата фрли...

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...