Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница.
Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети.
Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон полицијата оштетени се три полициски возила и неколку штитови.
Засиленото полициско обезбедување е сè уште присутно, групата мигранти е одбиена, а се обезбедуваат сите нелегални премени и процепи на заштитната ограда, која изутринава мигрантите ја пробија за да влезат во земјава.