fbpx
Македонија Страница 1393

Македонија

Жбогар: Сите политичари треба да обезбедат услови за веродостојни избори

Тоа што е позитивно е што препораката за почеток на пристапните преговори останува, но под услов изборите да бидат веродостојни и Договорот од Пржино да биде целосно имплементиран, порача амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, презентирајќи го најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот...

Во чест на победата на Трамп, Милошоски ја „преименува“ ВМРО-ДПМНЕ!

Владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините симпатизери во земјава по политичка и по друга линија, нескриено го поддржуваа Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во САД. Задоволството и радоста од победата може да се видат во денешните изјави, во предвидувањата како тоа ќе...

„Анима мунди“ го прашува Мухиќ дали бил коорганизатор на борби со кучиња

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, инспирирано од колумната на кандидадот за пратеник предложен од СДСМ, Ферид Мухиќ, со наслов „Борба“, јавно го прашува кој е неговиот став во врска со борбите со кучиња и дали бил поддржувач, учесник, коорганизатор на борби со...

Хан: Кризата во Македонија сè уште не е завршена

За Македонија кризата сè уште не е завршена. Има позитивни чекори во однос на Договорот од Пржино, особено со тоа што изборите се закажани за 11 декември и кои се од витална можност за надминување на кризата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната...

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков...

ЕК: Единствено СЈО води истраги за корупција на високо ниво

Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува во практика да биде попречувана, а Кривичниот суд редовно одбива да одреди истражни мерки (притвори, мерки на претпазливост, н.з.) што ги бара СЈО како дел од истрагите што ги води, стои во Извештајот за напредокот на Македонија,...

Клучните наоди на ЕК: Кризата продолжува, земјата страда од политиката на поделба

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси. Еве ги накусо забелешките: Меѓуетничка состојба: Сè...

Основци од Тетово протестираа поради тоа што им прокиснува покривот во училиштето

Учениците од Основното училиште „Лирија“ во Тетово, претпладнево протестираа пред општинската зграда, поради тоа што немаат услови за учење, а во нивните училници веќе втор ден прокиснува покривот. - По секој пороен дожд прокиснува покривот, дождовната вода ја пречекуваме во садови. Мора конечно да се...

Иванов до Трамп: Потребна е интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател на Соединетите Американски Држави. „Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Соединетите...

Николовски: Офшор-компании со непознат сопственик ќе нема во Македонија

„Нашите анализи покажаа дека 470 милиони евра годишно од буџетот се трошат незаконски. Тие 470 милиони евра ние ќе ги пренасочиме и ќе ги вратиме кон граѓаните. Се обврзуваме дека ќе се заплени криминално стекнатиот имот и дека ќе се вратат парите испумпани од...

Европската комисија ја повтори условената препорака за Македонија

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино. - Не...

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот...

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард...

Облачно и дождливо време, со температура до 18 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Нестабилното време ќе преовладува во источните делови од земјава. Утринската температура се движи од 10 до...

Бејли: Постизборниот период е време на патриотизам

Исчекувајќи ги последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД, во која засега води Доналд Трамп, во хотелот „Александар палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој рече дека избирањето претседател е сериозна работа која влијае на економијата, здравствениот, образовниот...

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и...

Брисел ќе порача дека не се откажува од проширување кон Западен Балкан

Извештајот за проширување на ЕУ, како и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, што се очекува да биде објавен утре, ќе треба да покаже дека Брисел не се откажува од идејата, особено зашто со неа се промовира слобода на изразување и на медиумите, напредок на...

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите,...

Шилегов: Судот сака да ни ги даде уверенијата за неосудуваност четири дена по рокот

„ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немајќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој потсети дека во согласност со Изборниот законик, кандидатите за...

Судот ќе дежура за да можат кандидатите да добијат уверенија за неосудуваност

Основниот суд Скопје 1 попладнево соопшти дека е подготвен, доколку е потребно, да воведе и дежурства за да можат кандидатите за пратеници да извадат уверенија за неосудуваност и партиите навреме да ги поднесат пратеничките листи. Од судот ги отфрлаат обвинувањата на дел од политичките партии...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...