fbpx

Шилегов: Судот сака да ни ги даде уверенијата за неосудуваност четири дена по рокот

-

„ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немајќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој потсети дека во согласност со Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку шест месеци, а притоа искажа незадоволство поради тоа што кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа барање за издавање на уверение за неосудуваност, од Основниот суд Скопје 1 им е закажано подигнување на уверенијата на 15 ноември 2016 година. Рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016 година.

– Ваквото однесување на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон нарушување на изборниот прцес – обвини Шилегов и додаде дека искуството од претходните избори покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час.

За овој проблем, СДСМ денеска ги известил Државната изборна комисија и претседателот на Врховниот суд на Република Македонија. Исто така, како што изјави Шилегов, СДСМ писмено се обратил и до претседателот на Основниот суд Скопје.

– Никола, ти порачуваме: фер, слободни и демократски избори мора да има и ќе има. Во тоа нема да ти помогнат ниту слепите послушници кои станаа дел од твоето злосторничко здружување – истакна Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...