fbpx

Јавноста огорчена од Латас и исмевањето на насилството врз жените во емисијата на јутјуберот Лазаров

Лавина реакции на социјалните мрежи по објавената емисија на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров во која гостуваше Драган Павловиќ – Латас и во која, како што прв реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, се нормализира културата на насилство. Од Хелсиншкиот комитет реагираат дека во интервјуто...

Јутјуб добива нов извршен директор

Извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки се повлекува од функцијата по речиси 25 години во „Гугл“, компанијата во чија сопственост е платформата за видеа. Таа за одлуката ги информирала вработените преку електронска пошта, а писмото го објави и на социјалните мрежи, пренесува „Врџ“. Функцијата на...

Илон Маск создал посебен систем за неговите твитови да им бидат прикажувани први на корисниците

Откако неговиот твит по Супербоул постигна полоши бројки од твитот на американскиот претседател Џо Бајден, извршниот директор на Твитер Илон Маск нарачал големи промени во алгоритмот на платформата, пишува „Врџ“ повикувајќи се на документи од „Платформер“. Братучедот на Маск и вработен во Твитер, Џејмс Маск,...

Нетфликс ја намали претплатата за корисниците во Северна Македонија

Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија. Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или...

Продолжуваат отпуштањата во технолошките компании, „Јаху“ намалува 20 отсто од работната сила

„Јаху“ планира да отпушти повеќе од 20 отсто од своите 8.600 вработени лица, како дел од големото реструктурирање во компанијата. Кратењето на работни места ќе засегне речиси илјада вработени, пренесува Би-би-си. „Јаху“ го реорганизира рекламниот оддел, кој ќе изгуби повеќе од половина од вработените до...

„Дизни“ отпушта 7.000 вработени

Компанијата „Дизни“ планира да отпушти 7.000 работници за да ги намали трошоците. Извршниот директор Боб Игер ја објави веста вчера, наведувајќи дека овој потег е неопходен за да се одговори на предизвиците, пренесува „Врџ“. Игер се надева дека со отпуштањата компанијата ќе заштеди 5,5 милијарди...

„Мајкрософт“ ја претстави новата верзија на Бинг засилена со ChatGPT

„Мајкрософт“ ја објави новата верзија на својот пребарувач Бинг, кој сега го вклучува и најновото од вештачката интелигенција. Пребарувачот е засилен со технологијата на јазичниот модел ChatGPT, пренесе Би-би-си. Овој потег е убедливо најголемата закана што „Гугл“ ја видел за време на својата доминација во...

„Гугл“ го лансираше Бард, ривалот на ChatGPT

„Гугл“ лансира чет-бот со вештачка интелигенција наречен Бард со цел да му парира на ChatGPT, јавува Би-би-си. Бард за почеток ќе го користат група тестери пред да биде претставен во јавноста во текот на наредните недели, соопшти компанијата. Чет-ботот е изграден на постоечкиот јазичен модел на...

Златниот беџ на Твитер може да ги чини бизнисите 1.000 долари месечно

Твитер размислува да заработи од бизнисите што се присутни на платформата со тоа што ќе им наплаќа 1.000 долари месечно за да ги задржи нивните златни беџови, јавува „Врџ“ повикувајќи се на извештај на „Информејшн“. „Информејшн“ забележува дека бизнисите што нема да плаќаат илјада долари...

Мајкрософт за 7 долари месечно го нуди Тимс премиум со ChatGPT

Корпорацијата Мајкрософт објави премиум понуда за претплата на нивната апликација Teams, која го вклучува четботот ChatGPT, со цел како што велат, да ги поедностават состаноците со помош на вештачка интелигенција, пренесе Ројтерс. Премиум услугата најпрво ќе чини 7 долари месечно за потоа да се зголеми...

Компанијата зад „ChatGPT“ лансираше алатка за откривање на текст генериран со вештачка интелигенција

Компанијата „ОпенАИ“, креатор на популарниот чет-бот ChatGPT, лансираше софтверска алатка која се обидува да направи разлика помеѓу текст напишан од човек и текст генериран од вештачка интелигенција (ВИ), меѓу кои и текстови произведени од нивните сопствени модели „ChatGPT“ и „GPT-3“. „Класификаторот за Вештачка интелигенција“ е...

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм

Компанијата „Мета“ вчера објави дека ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм, две години по неговата првична суспензија, пренесуваат медиумите во САД. Во својот блог „Мета“ рече дека ќе ги врати корисничките сметки на Трамп во...

„Мајкрософт“ ќе инвестира милијарди долари во компанијата која го создаде ChatGPT

„Мајкрософт“ најави дека во текот на наредните неколку години ќе инвестира повеќе милијарди американски долари во вештачка интелигенција, додека го проширува партнерството со „ОпенАИ“, пренесе Би-би-си. „ОпенАИ“ е креатор на чет-ботот ChatGPT и популарната алатка за генерирање слики Dall-E. Претходно, во 2019 година „Мајкрософт“ инвестираше една...

И „Спотифај“ укинува стотици работни места

Шведскиот музички стриминг гигант „Спотифај“ најави дека ќе намали 6 отсто од своите речиси 10.000 вработени лица, нагласувајќи ја потребата да се подобри ефикасноста, пренесе Би-би-си. „Спотифај“ минатата година броела 9.800 вработени со полно работно време, а компанијата во октомври соопшти дека ќе го забави...

Тинејџери од Романија раскажуваат како им пристапил контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт

Дарија Гуса од Романија имала само 16 години и била сè уште во средно училиште кога добила приватна порака на Инстаграм од познатиот инфлуенсер Ендру Тејт, речиси 20 години постар од неа. Таа е една од двете тинејџерки кои за Би-би-си опишале како контроверзниот...

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот...

Казна од 5 милиони евра за ТикТок во Франција

Француската управа за заштита на податоци ја казни кинеската платформа за споделување видеа „ТикТок“ со 5 милиони евра, поради кршење на приватноста на корисниците, јави Ројтерс. Во соопштението на управата пишува дека корисниците на ТикТок.ком не можеле да ги одбијат колачињата толку лесно како што...

Од следниот месец Твитер ќе дозволи постови долги до 4.000 карактери

Од почетокот на февруари ќе можеме да твитаме долги постови со дури 4.000 карактери, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор на Твитер Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која што милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент. Маск објасни дека долгите твитови...

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани...

Анализа: Кои функционери и институции колку ги користеле социјалните мрежи во 2022 година?

Статус кво и пад во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции во 2022 година, покажа анализата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). 115 од 120 пратеници биле присутни на најмалку една социјална мрежа, 20 од 21 министри...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...