И „Спотифај“ укинува стотици работни места

фото: Reet Talreja на Unsplash

Шведскиот музички стриминг гигант „Спотифај“ најави дека ќе намали 6 отсто од своите речиси 10.000 вработени лица, нагласувајќи ја потребата да се подобри ефикасноста, пренесе Би-би-си.

„Спотифај“ минатата година броела 9.800 вработени со полно работно време, а компанијата во октомври соопшти дека ќе го забави вработувањето во текот на 2023 година. И покрај популарноста на музичкиот онлајн пазар, „Спотифај“ никогаш не објавил податоци за годишните нето добивки.

Најавата на „Спотифај“ доаѓа во време кога технолошките компании се соочуваат со проблеми по двегодишниот раст поттикнат од пандемијата, кога вработуваа агресивно.

Изминатите недели најави за масовни отпуштања имаше и од страна на „Мајкрософт“, „Алфабет“, а претходно и од „Мета“ и „Амазон“.