fbpx

Бугарија, Грција и Турција бројат жртви од невремето, македонското МНР апелира на претпазливост

Македонското Министерството за надворешни работи ја информираше јавноста дека дипломатско-конзуларните претставништва во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции

-

Силното невреме проследено со обилни врнежи во Грција, Бугарија и Турција предизвика човечки жртви, а македонското Министерство за надворешни работи попладнево упати апел до граѓаните да ги избегнуваат загрозените подрачја.

Според информациите на Катимерини, најмалку две лица загинале, а тројца се исчезнати во невремето што ја зафати Грција. Најпогоден бил централниот дел на земјата, првенствено пристанишниот град Волос. Дождовите предизвикале поплавување живеалишта, фабрики и уништиле инфраструктура во овој дел на Грција. Оваа временска непогода доаѓа само неколку дена откако северна Грција ја погодија големи шумски пожари.

Во Бугарија се регистрирани тројца мртви од силното невреме што го зафати јужниот дел од крајбрежјето на Црното Море, пренесува Mediapool.bg. Бугарските спасувачки тимови трагаат по исчезната жена од вторникот, која што до денес не е пронајдена во водите на Црното Море. Најтешко погодена е бугарската општина Царево.

И Турција пријави четири лица за исчезнати во туристички камп во провинцијата Киркларели, лоциран во близина на турско-бугарската граница. Поројните дождови предизвикале оштетување и на патната инфраструктура во овој дел на Турција.

Македонското министерство за надворешни работи ја информираше јавноста дека дипломатско-конзуларните претставништва во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани штосе наоѓаат во загрозените подрачја.

„Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел. Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација. На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...