„Божествена комедија“, нова премиера на Битолскиот театар

-

Претставата „Божествена комедија“ од Исидор Шток е најновата премиера на Битолскиот народен театар, која ја режира гостинот од Русија, Александар Исаков. Ова е четврта постановка на Исаков во театарот во Битола, која, според најавите од театарот, премиерно ќе биде прикажана на 28 февруари.

– Претставата „Божествена комедија“ е приказна за раѓањето на љубовта на земјата. Ниеден рај не може да ги замени тие чувства. А што ако Адам и Ева не го пробаа забранетиот плод, ако не се уплашеа од Божјиот гнев? Немаше да се родат нивните деца и децата на нивните деца. Немаше да ги имаме и ние денес. И, секако, немаше да се појави нашата претстава – вели режисерот Исаков.

Во претставата играат Борис Чоревски, Душко Јовановиќ, Филип Мирчевски. Преводот од руски го направи Оливера Павловиќ, музиката е на Марјан Неќак, а кореографија на Јагода Димовска. Костимите се на Благој Мицевски, а видеоподдршката на Сергеј Светозарев.

– Иако насловот „Божествена комедија“ во нашата свест е неразделно засекогаш поврзан со името на славниот Данте Алигиери, оваа претстава нема никаква врска со неговото дело. Инспирацијата за истоимената пиеса, советскиот драматург Исидор Шток ја добил од серијата весели цртежи-графики на францускиот уметник Жан Ефел, издадени во четири албуми (1984) под назив „Создавањето на светот“ – вели Павловиќ, додавајќи дека Ефел на оригинален начин, остроумно и духовито ја прераскажува библиската верзија на создавањето со коментари за најшироката читателска публика.

– Од тие мотиви, Шток гради иронично и, во исто време, лирско драмско дејство, во чиј центар на случувања е љубовта меѓу мажот и жената – вели таа.

Соработка на Исаков со битолскиот театар почнува во 1997 година со постановката на претставата „Женидба“ од Н. Гогољ. Потоа следуваат претставите „Патувам, патувам…“од Н. Кољада (2001) и „Минхаузен“ од Г. Горин (2011).

А.Б.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...