fbpx

Посета на делегација на ПЕС во Македонија

-

Делегација на Партијата на европски социјалисти вчера ја посети Македонија. Делегацијата ја предводи Сергеј Станишев, претседателот на ПЕС. Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за политичката состојба во Македонија.

– Ние се заблагодаривме за солидарноста што ПЕС ја покажа и кон нашата држава и кон граѓаните, особено ставајќи акцент на квалитетот на демократијата и на прашањето за слободите и за правата на македонските граѓани. Денеска разговаравме на таа тема, кои се проблемите и кои се можните решенија – изјави Радмила Шекеринска.

Од делегацијата велат дека ја посетиле Македонија затоа што се загрижени за состојбата. Ричард Ховит, член на Европскиот парламент, вели дека потребно е да се следат Копенхагеншките критериуми, како што се очекува од земја-кандидат за членство во ЕУ.

– Нема преговори за високите политички критериуми како слободата на судството, слободата на медиумите, слободата на говорот и, секако, слободата на опозицијата да ја критикува Владата. Загрижени сме за обвинувањата упатени кон лидерот на опозицијата, господинот Зоран Заев. За време на нашата посета, ќе зборуваме не само со раководството на СДСМ туку и со претставници на цивилното општество, со претставници на Владата и на другите политички партии. Тука сме да му помогнеме на македонското општество – изјави Ховит.

Претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев, ги замолува сите безбедносни и судски власти во земјава да ги почитуваат фундаменталните права, принципот на еднаквост пред законот и презумција на невиност.

– Избрав да дојдам денеска со другарите социјалисти и социјалдемократи за да искажам соодветно загрижување дека правата и слободите на другарите социјалдемократи членови на ПЕС во оваа земја можеби се прекршени. Но, исто така, тука сум бидејќи ја сакам и почитувам оваа змеја и сите нејзини граѓани, препознавајќи дека ова општество е доволно поделено и ние можеме да ја одиграме нашата улога во помагање да ги скратиме тие поделби – изјави Станишев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...