fbpx

Бомбашки напад кај резиденцијата на претседателот на Јемен

-

Шест војници загинаа откако автомобил-бомба експлодира на контролен пункт пред резиденцијата на јеменскиот претседател, соопштија локалните власти.

Се проценува дека нападот бил насочен кон конвој кој влегувал во комплексот на резиденцијата во градот Аден, на југот на Јемен, а во кој се наоѓал и градоначалникот на градот, Аидарус ел Зубаиди.

Ел Зубаиди минал без повредни, а светските агенции јавуваат дека повредени се десет припадници на претседателската гарда.

Претседателот Хади е стациониран во Аден, вториот по големина град во Јемен, откако бунтовниците Хути и силите лојални на поранешниот јеменски претседател ја зазедоа престолнината Сана.

За време на конфликтот, кој трае девет месеци, загинаа околу 6.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...