Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската Федерација  

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј  Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Наспроти информациите на некои медиуми дека македонските производи не можат да стигнат до рускиот пазар, поради промената на името, сепак, спооред официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции на Република Северна Македонија, не постои застој при влез на македонските камиони во Руската Федерација.

„Според последните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство на Република Северна Македонија, сите компании-извозници кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото уставно име, без никаков проблем ги поминале граничните премини кон Русија, со што е овозможен непречен влез на камионите и пласман на македонските земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар“, потврди рускиот амбасадор Баздникин.

Toj на состанокот со Николовски децидно посочил дека од руска страна не постои ниту официјално известување, ниту каква било друга пречка за влез на македонските камиони во Русија, поради промената на уставното име на државата.

Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми-извозници кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.

Руската федерација е значаен економски партнер на нашата држава, а последните податоци покажуваат пораст на извозот во Русија. Трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација во делот на земјоделско-прехранбените производи, во првиот месец од оваа година споредено со истиот месец 2018 година е зголемен за 90 проценти, и изнесува 1,6 милиони евра. Зголемениот извоз се должи пред се на извозот на јаболки во количина од 3.145 тони во вредност од 1,2 милиони евра. Вкупниот извоз за истиот период во Руската федерација е зголемен за 41 отсто.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...