fbpx

Авионот на Николиќ откажал над Јадранот

-

Авионот со кој претседателот на Србија, Томислав Николиќ, утрово полета за Ватикан, принудно се вратил на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор, а посетата на Светиот стол е откажана.

Неофицијално, моторот на авионот „фалкон“ престанал да работи над Јадранско Море. Леталото, кое се наоѓало на висина од 10.000 метри, почнално да паѓа околу два километри, но искусниот пилот успеал да ја врати контролата над авионот и да се врати во Белград.

Ова е последен од низата инциденти со владините авиони „фалкон“, кој е произведен во 1981 година, како и авионот „лир џет“ произведен во 1991 година.

Советничката на престедателот на Србија, Станислава Пак, потврди дека посетата на Ватикан е откажана сè додека не се утврди нов термин за нова посета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...