fbpx

Народњаците на Георгиевски се сомневаат во зделка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!

-

Дали имало пазар меѓу двете најголеми партии во земјата, јавно се посомневаа и прашуваат од ВМРО-НП. Од партијата на Љубчо Георгиевски, но и граѓаните на Охрид, како што велат, се разочарани од содржината на „бомбата“ на СДСМ вчера во Охрид, реагираат од општинскиот разгранок во Охрид.

„Иако беа многу поголеми, особено по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека Бакрачески не ќе може да се додржи на градоначалничката функција откако ќе слушне како стигнал до неа, сепак очекувањата не се остварија. Додека во другите градови каде што СДСМ одржуваше прес-конференции со локални теми, имаше материјали за функционери од градовите, од Охрид не слушнавме за никого. ВМРО-Народна партија се прашува дали општинската организација на СДСМ ги штити локалните моќници на ДПМНЕ или, пак, тие се сосема „чисти“. Времето ќе покаже дали и каков пазар имало меѓу двете најголеми партии. СДСМ не ги исполни очекувањата на граѓаните околу долгонајавуваната „бомба“. Со ваков однос, СДСМ може да биде само соучесник во сомнителните работи на власта, а нема целосно да го разобличи режимот“, стои во дописот до медиумите.
ВМРО-НП, со двајца советници, го правеше мнозинството на СДСМ во претходниот Совет на Општината, а и денес настапува опозициски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...