fbpx

Авганистан: Талибанците ја презедоа контролата над провинцијата Такар

-

Талибанските борци зазедоа контрола над авганистанската провинција Такар, соопшти денеска Зонатулах Тајмор, портпарол на покраинскиот гувернер.

Во соопштението се наведува дека се во тек интензивни борби затоа што владините сили се борат да ја вратат контролата над покраината.

Тајмор изјави дека бунтовниците користат тешко и лесно вооружување во борба за Даркад, кој се граничи со Таџикистан, и додаде дека шест припадници на авганистанските сили за безбедност се убиени во борбите.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, ги извести медиумите дек битката за Даркад почнала утринава. Тој соопшти дека двајца милитанти се убиени при заземањето на зградата на владата и на полициската станица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...