fbpx

Ахмети: Албанците не се дискриминирани како што манипулираат опозиционите албански партии

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг одржан во Општина Боговиње, пред присутните изјави дека Албанците не се дискриминирани и дека нивната состојба, според него, во сите сегменти од општествениот живот е многу подобрена за разлика од порано.

– Значи, многу е тешко да се набројуваат сите проекти и достигнувања на ДУИ. Имаме направено многу нешта што се во корист на Албанците и на другите етникуми кои живеат во Македонија. ДУИ инвестира во образованието. Во 2002 година имавме само неколку специјализанти Албанци, сега имаме повеќе од 2.000 специјализанти Албанци, имаме Албанци кои раководат неколку клиники низ државата. Ние ќе влеземе во конкуренција со сите албански партии за добар натпревар и за подигнување на квалитетот на програмата, но треба сепак нашите политички противници да бидат поцивилизирани и да не манипулираат, да не кажуваат дека Албанците се дискриминирани. Како тоа дискриминирани кога во јавната администрацијата има повеќе од 25.000 вработени Албанци? – рече Ахмети.

Тој го повтори својот став дека е многу значајно да се обедини албанската опозиција во Македонија.

– Ги следам кандидатите на ДУИ, тие во своите говори апелираат за обединување на Албанците, затоа што овие избори се многу значајни за Албанците. И јас ќе апелирам на сите движења и опозициони албански партии, нека ја победат ДУИ, но нека ја победат обединети затоа што вака само го цепкаат и делат албанскиот глас, е тоа не ќе можам да го дозволам – додаде Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...