fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат дека има „нон пејпер“

-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат за тоа дали преговарачкиот тим од Европската унија излегол со „нон пејпер“ на средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека „не знаат ништо за некаков нон пејпер“.

Од СДСМ, за „Мета“ изјавија дека „не се запознаени со таков документ“.

По кратката пауза и по поединечните консултации на тимовите, почна вториот дел од третата лидерска средба.

Неофицијално се дознава дека Заев и Груевски ги информираат Тачи и Ахмети за разговорите што ги водеа во Стразбур.

Во историјата на договарањата кои се прават на истото ова место влезе и фамозниот мајски договор помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети, за тоа што сè треба да биде направено откако ДУИ ќе влезе во владината коалиција во која дотогаш беше ДПА.

И тогаш, во текот на преговорите, се појавија информации за некаков писмен договор, кои и двајцата лидери ги демантираа, за подоцна, сепак, медиумите да ја објават неговата содржина и тоа – на англиски јазик.

До денес Груевски не потврди дека таков документ, со тоа име „мајски договор“, воопшто постои.

Тогаш под наводите дека се работи за политички дијалог меѓу власта и опозицијата, Груевски и Ахмети договорија 46 закони што треба да се донесат со Бадентерово мнозинство, а меѓу кои беше и законот за употреба на јазиците на етничките заедници, како и формирање комитет за односи меѓу заедниците.

Груевски шест месеци негираше дека има потпишано некаков документ, за потоа мајскиот договор да стане политичката платформа на двајцата лидери при составувањето на владиниот кабинет по предвремените избори во 2008 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...